Охридските земјоделци преку здружение ги пласираат производите на светските пазари

 Охридските земјоделци преку  здружение ги  пласираат  производите  на светските пазари.

 |  Валентина Неловска  | 
домати

црешиВо регионот во Охрид и Дебрца сеуште нема организирани продажни пунктови за  земјоделските и овоштарските производи. Земјоделците од регионов  во такви околности не седат со скрстени раце. Самостојно презеле иницијатива  и се организирале во здружение за полесно да настапат на странските пазари за да го пласираат  родот од нивните насади.  Годинава се задоволни  од пласманот на црешата, а во иднина планираат  тоа да го применат и на други прозиводи како што се јагодите и охридскиот домат, вели охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.

„ Нас маката не натера прозиводителите на цреши во охридскиот регион. Наназад размислувавме како да се организираме за да ги поедноставиме работите и со самото тоа да го подобриме квалитетот и да постигнеме повисоки откупни цени. Без здружување во било која сфера во земјоделската гранка тешко ќе постигнеме успех. Европските пазари се огромни и бараат  одредени параметри во квалитетот и квантитетот“, напоменува Стојаноски.

земјоделец Од здружувањето земјоделците  имаат голем бенефит. Договорено е производството и  немавме проблем со откупот. Имаме координатор, возило доаѓаше на терен и ни носеше амбалажа, работите ги поедноставивме, раскажаува Стојаноски за годинешното искуство за пласманот на црешата на блиско источниот пазар во Дубаи. Оз здруженеито ј ачувствуваат потребата од  простор каде што ќе се лоцираат објекти од цврста градба и ладилници. Во таа наоска очекуваат помош од Локалната самоуправа која најавува формирање на откупни центри.

„ Имаше пред две години најави од Локалната самоуправа за откупни  центри,  но не може да се оствари  и без наша иницијатива на земјоделците. Ние очекуваме да ни подаде рака Локалната  самоуправа. Би требало да ни обезбеди простор  каде што ќе се лоцира. Има соодветно државно земјиште и се надеваме дека ќе најдеме разбирање од Локалната“, додава Стојаноски.

Градоначалникот Никола Бакрачески кажува дека  намерата на ЛС е да се изградат откупни центри со ладилници за потребите на охридските земјодлеци. Во два наврати пристапиле кон постапки за изработка на урбанистичка планска документиција, но и двата обиди пропаднале пред се заради нерасчистени имотно правни односи и процес на денационализција, но со намерата продолжуваат, напоменува градоначалникот.

„ Од пред два месеци пристапивме на изработка на локална урбанистичка планска документација за трета локација која е во сопственост на РМ  и која нема да има проблеми со имотно правните односи и решенија за денационализација“, подвлекува Бакрачески.     

Охридското поднебје со својата клима има огромен економски потенцијал за одгледување и на други овоштарски култури. Оревот и лешникот исто како и  црешата можат да бидат златен рудник од кој може добро да заработат и производителите, а бенфит д а има и општината, подвелекува охридскиот земјоделец  Стојаноски.          

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top