Јул 17, 2015

Прекин на сообраќајот во понеделник

Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека во понеделник на 20-ти јули 2015 година поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани ќе има прекин на сообраќајот.Прекинот ќе биде во периодот од 11 до 13 часот и ќе трае од 15 до 20 минути.

Јул 16, 2015

Николај Лугански за ново и неповторливо музичко доживување на Охридско лето

Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, рускиот виртуоз, Николај Лугански, вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето. Прекрасната акустика на црквата „Св.Софија“ ќе даде свој печат на концерот на Лугански, кому ова му е четврт настап на Охридско лето. Лугански е воодушевен од природните убавини на Охрид, за кои посака вечно да останат непроменети. Вечерва за музичките сладокусци тој избрал дела од двајца музички великани. „Денес ќе свирам музика од двајца автори Шуберт и Чајковски, Шуберт соната во ц-мол, две големи сонати, една од трите негови последни сонати напишани во посл…

Јул 16, 2015

Зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи

Во екот на летната туристичка сезона, локалната со засилени и зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи. Според евиденцијата на секторот за туризам и локален економски развој, во Охрид има пријавено околу 2100 приватни станоиздавачи. Од секторот велат дека имаат реални проблеми успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи поради нивниот голем број. Од секторот за ТЛЕР велат дека таканаречените туристички редари во летниот период имаат полни раце работа, но и скоро невозможна мисија, обезбедување на почитување на законските прописи од страна на сите приватни с…

Јул 16, 2015

Проблеми во социјалната зграда во Охрид

Граѓаните од ранливата категорија на општина Охрид, отворено проговорија за проблемите со кои се соочуваат, пред претставниците на надлежните институции. Станарите на социјалните станови велат дека се среќни што имаат покрив над главата, но секојдневно се соочуваат со низа проблеми.„Многу сум радосна што сум го добила станот, самохрана мајка сум, 16 години бев под кирија, немам мака, освен да се смени претседателот на зградата и директорот што побрзо мерки да ни го пушти лифтот. Јас сум оперирана, имам дете болни и лифтот ми е потребен бидејќи живеам на 5 ти, а и хигиената да биде на повисо…

Јул 16, 2015

Одредени таксисти повторно ги кршат законските прописи

Новата летна сезона ги донесе  старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и  летувалиштата вдолж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат  законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни  непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, а се вози и без такси метар. Револтирана туристка наведува  дека за превоз од Парк до спортскиот центар Билјанини извори пла…

Јун 30, 2021

Пронајдени семки од канабис и марихуана кај лица од Охрид

На 29-ти јуни 2021 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода 61-годишниот М.Ѓ. и 69-годишниот Ѓ.Ѓ., двајцата од Охрид. – При извршен претрес во стан во Охрид, што тие привремено го користеле, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и 160 семки од растението канабис сатива. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Во друг случај, во текот на вчерашниот ден, 29-ти јуни 2021 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид …

Јул 16, 2015

Специјалните возила немаат пристап на Кеј „Македонија“

Специјалните возила на противпожарната единица и комбињата на брзата помош немаат пристап на Кеј „Македонија“. Со новиот летен режим на сообраќај оваа сообраќајница од двете страни е затворена со физички препреки, од едната страна рампа, а од другата жардињери. На овој потег се хотелите Ривиера, ресторанот Белведере, ланч барот Објектив,  неколку индивидуални куќи. Недај боже да се случи пожар или пак да имаат потреба од итна медицинска помош, возилата не ќе можат да стигнат до таму. Од локалната признаваат дека ова е проблем и ветуваат дека ќе најдат начин да го решат.Размислуваме овие физ…

Јул 16, 2015

Охриѓани склучуваат полиси за осигурување само кога мораат

Склучување  полиси за задолжителното патничко осигурување и понатaка е на врвот на интерес кај охриѓани. Тоа осигурување мора да се направи при регистрација на возилата, напоменува директорката на Сава Осигруување, Ристана Николовска.Таа укажаува   за движењето на  трендовите во осигурителните  компании. „ Не смееме да го занемариме трендот и на другите видиви осигурување кои се покачени, како што е одговорноста од дејност, кои исто така се задолжителни. Патничкото осигурување во летните месеци заради патувањата на одмор и осигурувањето на пловните објекти кои исто така се законска обврск…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top