Пронајдени семки од канабис и марихуана кај лица од Охрид

На 29-ти јуни 2021 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода 61-годишниот М.Ѓ. и 69-годишниот Ѓ.Ѓ., двајцата од Охрид.

 |   | 

На 29-ти јуни 2021 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода 61-годишниот М.Ѓ. и 69-годишниот Ѓ.Ѓ., двајцата од Охрид.

При извршен претрес во стан во Охрид, што тие привремено го користеле, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и 160 семки од растението канабис сатива. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Во друг случај, во текот на вчерашниот ден, 29-ти јуни 2021 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода 25-годишниот Б.М.С. од Охрид, бидејќи во куќата во Охрид што тој ја користел, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top