Одредени таксисти повторно ги кршат законските прописи

Одредени таксисти повторно ги кршат  законските прописи.

 |  Валентина Неловска  | 

Новата летна сезона ги донесе  старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и  летувалиштата вдолж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат  законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни  непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, а се вози и без такси метар.

Револтирана туристка наведува  дека за превоз од Парк до спортскиот центар Билјанини извори платила 200 денари ,а  таксистот не го вклучил такси метарот. Искуство на друг турист пак говори за злоупотреба каде што се намамуваат патници од автобуските постојки со понуда за превоз по иста цена како и автобускиот, а на крајната деситнација  им се наплаќа  многу повисока цена за услугата. Возењето пак, без издавање на фискални сметки од одредени компании  е исто така многу честа практика, се жалат покрај туристите и охриѓани.

За тоа како градот се справува со ваквиот хаос во такси превозот се обративме до Локалната самоуправа. Од тами информираат дека нивните сообраќајни инспектори совесно си ја вршат должноста, но напоменуваат дека нивните ингеренции се ограничени.  

„ Надлежноста на сообраќајните инспектори завршува со баждарењето и котролата врз таксиметарот. За издавањето или неиздваањето на фискалните сметки е задолжение на управатa за јавни приходи. Апелираме во тие случаи да се обратат и да пријават неправилности од таков карактер“, вели  Танески.
Танески напоменува дека сообраќајните испектори ги контролираат издавањето и важноста на лиценците за такси превозот. Се произнесоа и за досегашната  пријава на злоупотреби од одредени  такси превозници.

„До одделението за сообраќај и до инспекторските служби оваа година стигнале многу помалку поплаки, жалби и пријави. Но, тоа не е причина екипите на сообраќајните инспектори да не се постојано на  терен“, додава Танески.   

ТВМ за овие проблеми се обрати и до дел од такси комапниите кој кажа дека немаат здружение. Со проблемите пак, кој им ги посочивме рекоа секоја компанија се справува на свој начин.

Во Охрид од такси превозот егзистираат семејствата на околу 450 такси возачи.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top