Во текот на изминатото деноноќие (13/14.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 626 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Комисијата за заразни болести препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници.
„Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти, и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препорако кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Препораката до Влада…
Голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро и оваа зима ќе ја минат под клуч. Поради недостиг на гости, семинари, конгреси оваа есен поголемиот дел од вработените се пуштени на годишни одмори или со 70% плата, но ако продолжи кризата хотелиерите ќе бидат приморани да ги отпуштаат вработените.
На околу 500 лица од регионот им се заканува да останат без работа доколку државата итно не обезбеди финансиска поддршка за да може да ја пребродат кризата предизвикана од пандемијата.
Следно што ќе следува, тие што одат на 70% месец, два три ако нема никакви приходи хотелите ќе почнат да н…
За само еден час од отварање на вакциналниот пункт кај центарот за јавно здравје во Охрид , повеќе од педесет граѓани ја примија вакцината против сеознски грип.
Станува збор за комерцијалните вакцини, додека, бесплатната вакцинација веќе се спроведува преку моделот „Мој термин“. Од Центарот за јавно здравје велат дека досега за Охрид, Струга и Дебар да добијат добиени се 1000 дози вакцина против сезонски грип. 500 за Охрид, 300 за Струга и 200 за Дебар, информира дирeкторот на Центарот за јавно здравје Сашо Точков.
Точков објаснува дека во пунктот во центарот, комерцијална вакцина ќе ja п…
Алпинизмот како спорт е интересен за охриѓани и има интерес за членување во Алпинситичкиот клуб Патагонија, вели алпинистичкиот инструктор Антонио Додевски. Тоа е спорт во кој успеваат дисциплинираните и истрајните спортисти. Алпинизмот е специфичен спорт, дејност, еден од најкомплексните планинарски спортови, вели Додевски.
„Времето кое треба да се посвети на алпинизмот е сериозно. Има интерес, луѓето прашуваат, но само 5 проценти од оние кои се заинтересирале и почнале ако се задржат во алпинизмот за нас е среќна околност“.
Во јавноста не е многу познато како течат подготовките. Шт…
Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород.
„Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем на садови би оддел кон …
ЈП Градски Пазар Охрид објавува ЈАВЕН ПОВИК за изнајмување урбана опрема – 10 типизирани дрвени куќарки за потребите на Новогодишниот базар, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје, на Градскиот Плоштад.
Имајќи ја предвид актуелната ситуација со економската криза која ја предизвика светската пандемија со Ковид-19, Општина Охрид донесе Одлука, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп, по принципот „Прв дојден – прв услужен“ а исто така едно лице може да поднесе Барање за закуп за само една типизирана дрвена куќичка.
Сите лица кои се заинтересирани за изнајмување п…
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 697 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.