• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ОТВОРЕНО ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ОТВОРЕНО ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

ЈП Градски Пазар Охрид објавува ЈАВЕН ПОВИК за изнајмување урбана опрема – 10 типизирани дрвени куќарки за потребите на Новогодишниот базар, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје, на Градскиот Плоштад.

 |   | 

ЈП Градски Пазар Охрид објавува ЈАВЕН ПОВИК за изнајмување урбана опрема – 10 типизирани дрвени куќарки за потребите на Новогодишниот базар, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје, на Градскиот Плоштад.

Имајќи ја предвид актуелната ситуација со економската криза која ја предизвика светската пандемија со Ковид-19, Општина Охрид донесе Одлука, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп, по принципот „Прв дојден – прв услужен“ а исто така едно лице може да поднесе Барање за закуп за само една типизирана дрвена куќичка.

Сите лица кои се заинтересирани за изнајмување продажно место треба да ги достават потребните документи до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид – со назнака „За продажно место – типизирани дрвени тезги“ каде барањето ќе биде заверено со датум, час и потпис, а ќе го имаат на увид и шематскиот распоред на продажните места.

Потребни документи за физички лица: Потврда од комора за регистрирани занаетчии, Барање со личен потпис на барателот и со прецизиран број на типизирана тезга за која е лицето заинтересирано.

Потребни документи за правни лица: Решение од Центарлен регистар не постаро од 6 (шест) месеци, Барање со потпис и печат на барателот, со прецизиран број на типизирана тезга за која се заинтересирани, Копија од лична карта на подносителот на барањето.

Исто така важно е да се напомене дека при склучување на договорот , заинтересираните не треба да имаат никаков долг кон Општина Охрид по основ издавање на урбана опрема, ниту кон ЈП Градски Пазар Охрид.Јавниот повик ќе трае се додека не се распределат сите дрвени тезги – куќарки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top