Јул 21, 2015

Во угостителски објекти во Битола и Охрид откриен алкохол со сомнително потекло

Во рамките на засилените контроли на даночниците кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона, во два деловни објекти во Битола и осум во Охрид откриени се неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и не неиздавање на фискални сметки, поради што истите “заработија” парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.Исто така, при контролите спроведени во текот на викендот, од страна на инспекциските служби на УЈП во еден угостителски објекти во Битола и два во Охрид откриен е алкохол со сомнително потекло (без бандероли) …

Јун 30, 2021

Охрид се полни со туристи само за викенди

Охрид е полн со туристи за време на викендите, во останатите денови нема забележителен број гости, оценуваат туристичките работници. Најголемиот дел од странските посетители доаѓаат од Полска и Украина, а многу малку групи од подалечните земји. Туристичките работници се загрижени од последната одлука на Владата на Полска, која воведува карантин за граѓаните, кои патуваат во земји надвор од Европската унија. Одлуката е донесена, независно што земјава е на листата безбедни дестинации во ЕУ, а со тоа ќе се намали бројот на полските гости на брегот на Охридското езеро. -Држ…

Јул 21, 2015

Нова авионска дезинсекција во Охрид, Струга и Дебрца

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид   и Дебрца дека во  ден  22.07.2015год (среда) во координација  со  Министерството за здравство на РМ   ќе  се спроведе авионска  адултна  дезинсекција против комарци.Авионска  адултна  дезинсекција  ќе се изврши во утринските часови,   во период од 5 до 8 часот.На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде  опфатен потегот од Прентов мост  до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река.Во градското подрачје во зона на Касарната   и Дебело поле како и во населбите Воска  и Далјан.На терит…

Јул 20, 2015

Пожар на Петрино

Попладнево околу 1часот и 30 мин. избувна пожар  на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Поради близината на 110-киловолтната трафостаница делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а и во делови од населбата Рача немаше струја. По дојавата за пожарот екипи на противпожарната единица од Охрид веднаш излегле  на терен со две возила, а потоа пристигнале уште две, информира командирот на противпожарната единица Охрид Спасе Прентоски. Подоцна се приклучиле и   екипите од НП Галичица, од Црвен крст, како и загрижени граѓани кои помагаат…

Јул 20, 2015

Неовластено ракување со водоснабдителните вентили ги остава лесковчани без доволно вода за пиење

Кој знае кое лето по ред, дел од жителите на Лескоец се соочуваат со недостиг на вода за пиење и недоволен притисок на истата. Од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ велат дека најголем проблем имаат оние жители кои сеуште се снабдуваат со вода од стариот водоводен систем. Најголемиот проблем во Лескоец, но и во Велгошти, според Влатко Иваноски, раководител на дистрибуција на вода во МЈП Проаква е неовластеното ракување со водоснабдителните вентили. „Тоа мора граѓаните да го сфатат, дека водата треба рационално да се користи. Проблеми има во Лескоец и Велгошти, денеска екипите се…

Јул 20, 2015

Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето

Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето. Досега се реализирани три тури. Од охридската капетанија велат дека оваа линија не е редовна, туку дека е чартер, и пред се зависи од интересот на патниците. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека откога ги поедноставиле царинските процедури за спроведување на овие екскурзии, интересот се зголемил. Тој додава дека сите бродови ги исполнуваат условите за да сообраќаат на оваа релација.Успехот на оваа линија зависи од менаџерските способности на сопствениците на бродовите и од нивните менаџерски способности. Турит…

Јул 18, 2015

Неисцрпната тема на ужасите на Холокаустот видена низ очите на два израелски театри

Судбината на евреите во едно мало село во Полска, фикција како театарско дело, но реалност како историја вечерва видена низ очите на двата водечки израелски театри Хабима и Камери. Претставата „Нашиот клас“ и првото официјално гостување на овие два театри во земјава, но и воопшто надвор од Израел со оваа претстава е по повод одбележвањето на дваесет годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел. „Ќе бидам краток, ќе го искористам овој момент, синоќа бев доцна во предворјето да слушнам дел од пробата, не треба да ја пропуштите, навистина е прекрасна претстава. Двата водечи и…

Јул 18, 2015

Еколошки предизвици или еколошка катастрофа за Охридското Езеро?

Урбанизација на Студенчишкото Блато, изградба на хотели, нови плажи на крајбрежјето на Охридското Езеро, загадувањето на реките, уништувањето на трската, експресниот пат кој треба да минува низ националниот парк „Галичица“. Сите овие еколошки предизвици во последниов период ги вклучија алармите кај експертската јавност, но и кај граѓаните дека нешто мора да се преземе за да се спречи евентуалната деградација на најважниот еко систем во државата. Во обидот да се привлече вниманието, не само на домашната туку и меѓународната експертска јавност, кон овие исклучително важни прашања за Охрид, н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top