Неисцрпната тема на ужасите на Холокаустот видена низ очите на два израелски театри

Расизмот, предрасудите и лошите работи кои човек е способен да ги направи на друг видени низ очите на двата израелски театри Хабима и Камери.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretstava Izrael

Судбината на евреите во едно мало село во Полска, фикција како театарско дело, но реалност како историја вечерва видена низ очите на двата водечки израелски театри Хабима и Камери. Претставата „Нашиот клас“ и првото официјално гостување на овие два театри во земјава, но и воопшто надвор од Израел со оваа претстава е по повод одбележвањето на дваесет годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел.

teatri Izrael„Ќе бидам краток, ќе го искористам овој момент, синоќа бев доцна во предворјето да слушнам дел од пробата, не треба да ја пропуштите, навистина е прекрасна претстава. Двата водечи израелски театри настапуваат тука во Македонија, и се ѕвезди на театарот во Израел, но тоа е со една убава и значајна претстава. Голема чест е за мене да бидам дел од организирањето на оваа претстава, не само во Охрид, туку и во Битола и Скопје.“-вели Ден Ориан, амбасадор на Израел во Република Македонија.

Директорот на „Камери“ театарот, Ноам Семел, вели дека голема чест е за двете театарски екипи што се тука во Охрид и што за прв пат ја играат оваа претстава надвор од границите на Израел.

Nasiot klas„Откако пристигнавме завчера навистина сме возбудени што сме овде. Возбудени сме поради четири причини. Ова е прв пат израелски театар да настапува во Охрид, во Македонија на хебрејски јазик, второ ова е прв пат оваа продукција Хабима националниот театар и Камери театарот со оваа претстава да настапи надвор од Израел. Третата причина е што разбравме по слетувањето тука е дека најголемиот дел од еврејската заедница во Македонија е изчезната, а четврта причина што ја играме оваа претстава напишана од полски писател, а режирана од израелски режисер е што вечерашниот настап сакаме да биде една запалена свеќа на сеќавање за еврејската заедница која била протерана од Македонија.“-рече Семел.

Претставата, според режисерот, Ханан Снир иако обработува сериозна и мрачна тема, сепак е лесна за гледање.

Nasiot klas Ohridsko leto„Оваа претстава не е само претстава за Холокаустот, ниту за евреите и она што им се случило на евреите во Европа или било каде. Оваа претстава е за расизмот, предрасудите и за фактот дека нормални луѓе кои се осудуваат да направат вакви нечовечни дела на луѓе кои им се блиски, кои се нивни соседи. Претставата „Нашиот клас“ се базира на книгата на еден полски историчар наречена „Соседи“.“-изјави режисерот Снир.

Претставата „Нашиот клас“ ја раскажува приказната за едно мало село во Полска за време на Втората Светска војна во кое половината од жителите биле евреи, а половината полјаци и за тоа како довчерашните соседи и пријатели во еден момент понесени од толпата се способни да направат вистински ужаси на своите довчерашни соседи. „Нашиот клас“ се игра вечерва во предворјето на црквата „Св.Софија“ со почеток од 21 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top