Нова авионска дезинсекција во Охрид, Струга и Дебрца

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид   и Дебрца дека во  ден  22.07.2015год (среда) во координација  со  Министерството за здравство на РМ   ќе  се спроведе авионска  адултна  дезинсекција против комарци.

 |  Голабовски Крсте  | 

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид   и Дебрца дека во  ден  22.07.2015год (среда) во координација  со  Министерството за здравство на РМ   ќе  се спроведе авионска  адултна  дезинсекција против комарци.

Авионска  адултна  дезинсекција  ќе се изврши во утринските часови,   во период од 5 до 8 часот.

На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде  опфатен потегот од Прентов мост  до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река.

Во градското подрачје во зона на Касарната   и Дебело поле како и во населбите Воска  и Далјан.

avionНа територијата на општина Дебрца  ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино  и Требеништап по течението на реката  Сатеска , како  и  во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
 
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Струга дека во  ден  22.07.2015год . (среда) во координација  со  Министерството за здравство на РМ  ќе  се спроведе авионска  адултна  дезинсекција против комарци .
Авионска  адултна  дезинсекција  ќе се изврши во утринските часови,   во период од 5 до 8 часот,
Ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мислешево, Мороишта И Дрслајца, како   и  на потегот од Подмолје  по магистралниот пат кон Кафасан и Охридското  езеро се до село Калишта.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.  Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните , односно водата   и  почвата.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881: 230 231.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top