На 25-12-2021 година во СВР Охрид, приведен е М.Ч. (55) од Охрид кој претходно, е затекнат при кражба во црквата мал „Св.Климент” во Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Комплексот Плаошник денес го посети премиерот Никола Груески. Во обиколката на 6-те објектите беше запознает со фазите на градежните работи на сите објекти пооделно. Премиерот при посетата на Плаошник посебно интерес покажал за градежните работи кои се одвиваат на Св Климентовиот универзитет. Во обиколката го придружуваше директорката на Завод и музеј , Тања Паскали Бунташеска.
Таа при тоа кажа дека се испочитувани сите претходни забелешки на Унеско.„ Проектот се преработи може да се видат проектите и да се споредат со претходните. Се почитуваа препораките од Унеско , проектите се…
Градоначалникот Гергиески упати благодарност до премиерот Заев за поддршката во целокупниот процес и за тоа што и покрај преполната агенда во рамки на значајниот меѓународен форум кој деновиве се одржува во Охрид, издвои време, лично да ги види резултатите од досегашните активности на крајбрежјето, кои се во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
– Точно пред еден месец, на први јуни на истата оваа локација одржав прес конференција на која ја информирав јавноста за реализираните активности за…
Врвниот македонски пијанист и композитор Дуке Бојаџиев, утревечер гостува по втор пат на Охридско лето. По четири години на антички театар Дуке Бојаџиев ќе настапи со различна екипа составена од квинтет и стрин квартет. Покрај Бојаџиев ќе настапат и неговите специјални гости, Мартин Ѓаконоски Шпато, контрабасист кој работи и живее во Германија, перкусионистот од Грција Костас Анастасијадис, македонскиот виртуз на клавир кој живее во САД, Исмаил Романовски, вокалот Тања Царовска и стрин квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори охриѓанката Мартина Блажевска, која живее во Бос…
Охриѓани и гостите можат да вкусат и купат квалитетен планински,охридски мед. На пет штанда пчеларите од околината на Охрид ги изложија медот и производите од мед. Презентацијата на медот предизвика интерес кај посетителите кои сакаа да вкусат и да купат мед. Организатор на Деновите на медот е Здружението на пчелари од Охрид. Тоа брои околу 40 активни пчелари, кои се бават со пчеларење, напоменува претседателот на „Задружението на пчелари Охрид“, Тони Јосифоски. За жал има случаи кога помладите се приклучуваат кон пчеларењето , но брзо се откажуваат додава Јосифоски. Тој апелира до с…
И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено. Иако во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на овие производи,сликата на терен е сосема поинаква. Не само што се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот.
Морам да признам дека има одредени прекршувања на одлуката за поставување на урбана опрема, но инспекциските служби постојано се на терен. Досега имаат направено стотина контроли и против прекршителите имаат изречено содветни санкци…
Охрид се гради, разубавува, се инвестира во сите области на опшествениот живот и му се враќа некогашниот сјај на градот, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Денес во присуство на претседателот на Владата на РМ, Никола Груески, свечено во употреба беше пуштен во употреба новиот кружен тек кој ги поврзува двете главни артерии бул. „Туристичка“ и ул. „Бистрица“. „Со него се става крај на сообраќајниот метеж и на бројните сообраќајни незгоди со многу жртви кои ги имавме во изминатите години токму на ова место. Ризичната раскрсница за сообраќај ја уредивме по најсовремени станда…
Мајчиното млеко е едниствената и незаменлива природна исхрана за новоорднечето во првите 6 месеци од животот. Предуслов за успешно доење е решеноста на мајката да го дои, да е упорна и истрајна, а е важна и поддршката од семејството и околината вели педијаторт д-р Зоре Димитриеска началник од советувалиштето за деца и млади. Родилките во Охрид го следат мајчиниот инстинкт. „ Кај нас во Охрид и околината нема проблем мајката да не дои. На општо задоволство мајките сакаат да ги дојат новороденчињата. Се информираат за предностите на доењето се трудат да дојат и да научат повеќе и да ги ислу…