Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај.Во тек на ова тромесечие го саниравме она што беше запоставено и руинирано. Доста од просториите се исфарбани, уредена е спортската сала и поголем број кабинети и набавени се нови надгледни средсва, вели Симоновски.Л…
Мајкл Клосе, светски познатиот ликовен уметник од Канада , со македонско потекло, личната архива поврзана со неговото сликарско творештво ја донира во охридскиот архив. Станува збор за негова лична документација од изминативе 4 децении творештво и содржи слајдови од неговите слики, дневници кои ги пишувал во изминатите години, исечоци од весници, преписки од организирање на изложби. Мајкл вели долго размислувал и одлучил дека најдобро место е неговата лична архива да биде донесена во Охрид.„ Прво едно поголемо мое излегување како сликар, надвор од границите на Канада беше Македонија …
Алармантна станува појавата на семејно насилство меѓу охриѓани. За само 6 месеци од почетокот на оваа година се пријавени 70 случаи на семејно насилство, информираат од охридскиот Центар за социјална работа. Ајтен Мусли, директорката на центарот, вели дека секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници. Насилство се случува без разлика на социјалниот статус.
„Нема врска кој се пријавува насилство, доктори, адвокати, кој се пријавува е чудо невидено. Интелектуалци, не е класа со пониско обрзование или без доход, невработени или лица во социјален риз…
Општина Дебрца подготвува терен за нова дејност, управување со гробните површини во селата. Како што веќе информиравме, во месец мај годинава, општинските јавни претпријатија кои управуваат со гробиштата, за три месеци под своја капа требаше да ги преземат гробиштата од селата и приградските средини, по препорака од Владата на РМ. Околку оваа проблематика, како ќе биде тоа уредено во општина Дебрца појаснува градоначалникот Игор Трајкоски„Сеуште кај нас тој проблем е во надлежност на Црковните одбори по селата, бидејќи и самите гробишта се на имот од црквата и на тој начин се решава. Ние на…
Во повеќето станбени згради хидрантите се неисправни или се украдени, ПП-апарати се искршени или воопшто ги нема, нема системи за откривање на пожар, нема пожарен куќен ред. А вежба за евакуација на станари Охрид одамна не видел. Поради сето тоа затајавуа заштитата од пожари во станбените згради кои доведуваат во опасност голем број на станари и брзо се шират при што предизвикуваат голема материјална штета. Кога веќе ќе дојде до пожар интервенцијата на противпожарните екипи е отежната поради неможноста пожарните возила да се доближат до станбените објекти заради бетонските жардиниери, метал…
Поетска ноќ во Велестово. Оваа манифестација има стабилна традиција која ја троши својата трета деценија, односно 27 години постоење. Започнува утре 14 август на сред село Велестово во 21 часот и 30 минути. По својата специфика оваа манифестација се избори да биде една од најавтентичните поетски манифестации не само кај нас туку и пошироко така што последниве години стана и меѓународна, вели организаторот проф. Славе Ѓорѓо Димовски .„Тоа што е специфично е начинот на презентирање на поезија. Таа се презентира од невобичаен простор, село, значи излегува надвор од сите академски структури…
Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Граѓаните револтирано велат дека овај сериозен проблем години наназад се става под тепих од страна на надлежните. Воопшто не е пријатна сликата на кучиња скитници кои се шетаат во центарот на градот. Тие се потенцијална опасност за минувачите од кои голем дел се туристи, велат граѓаните.Од Здружението за заштита на животни „Анималиа“ кажуваат дека тие веќе две години интензивно работата на ублажување на проблемот со кучињата скитници во градв. Во текот на минатата седмица за прв пат во Охрид започнаа да ја изведуваат програмата за…
Најновото дело на Јордан Плевнеш претставата „Кирил и Методиј , Who are you?!“ ќе се прикажува премиерно на Охридско лето. Станува збор за претстава која треба да одговори на прашањето кои се браќата Кирил и Методиј. Претставата започнува со мистериозна средба помеѓу бизнисмен и агент, експерт за Кирил и Методиј, кој треба да изработи документарец со одговор на многу прашања. Текстот на претставата „ Кирил и Методиј , Who are you?! “ е на најпознатиот македонски драматург кој започнал да го пишува пред 20 години во Њујорк. Плевнеш вели дека пишувањето на текстот е длабоко поврзан со…