Авг 20, 2015

Невработените охриѓани со слаба заинтересираност за бесплатните курсеви за шивачи, заварувачи, готвачи и машинисти на локалната

Бесплатните обуки за шивачи, заварувачи, машинисти и готвачи кој го објави локалната за 20 невработени лица од нашата општина, наидоа на половичен интерес кај невработените лица од градов. Поради тоа, од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека поради административните процедури дошло до одолговлекување на почетокот на истите. Во екот на летните одмори инволвираните страни, односно локалната, факултетот за туризам и угостителство како и работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ се договориле со курсевите да се започне по завршувањето на летната сезона.„Најверојатно од овие…

Авг 20, 2015

Математика по кембриџ ќе се учи и во 4, 5, и 6то одделение

Наставниците по математика од Охрид и Дебрца се обучуваат како да предаваат по кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6то одделение. Ова е новина и за наставниците и за учениците затоа што ќе има многу промени во самиот начин на предавање и совладување на материјалот. Учениците ќе треба преку опити да решаваат задачи а не како што беше досега со користење алгоритми. Обуките кои ги спроведува Бирото за развој на образованието траат два дена.Се надевав дека оваа обука ќе биде во јуни  за сега во август да ги допрецизираме  работите бидејќи  два дена е премалку …

Авг 20, 2015

Пештани и Велгошти имаат потреба од гробни места

Пештанци и велгоштани имаат заеднички проблем, двете месни заедници се соочуваат со недостиг на гробни места. Во Пештани овој проблем влече корени веќе подолго време. Жителите досега одржале  4 граѓански  собири и на сите како проблем број еден го истакнале  недостокот на гробни места, укажува Драган Тренески  претседател на МЗ од Пештани.„ Овој проблем е дефиниран и тоа решавање мора да биде веднаш и сега. Станува збор за многу горлив проблем. Има голем недостаток на гробни места и во консултација  со Црковниот одбор не постои ни една слободна парцела“, напоменува Тренески.Претседателот на…

Јул 2, 2021

Жител на Оровник седум години чека исплата за одземено земјиште од државата

Вангел Јолакоски од село Оровник во општина Дебрца, седум години бара правда за одземеното земјиште за изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Експропријацијата се извршила во 2014 година, одземени му се 1825 квадрати, не се сложиле за цената, државата понудила 20 евра од квадрат, а реалната била двојно повисока. Спорот го решавале по судски пат, Управниот суд три пати одлучил во негова полза, но Второстепената комисија ги поништува правосилните пресуди. Последната одлука на Управниот суд  е донесена во февруари годинава, со налог да се исплати надометок на сопственикот на земјиштетото, но …

Авг 20, 2015

Фестивалот Охридско лето го затвaрa претставата „Figurae veneris historiae“

„ Figurae veneris historiae“ е претствата со која вечерва се завршува 55-то  издание на Охридско лето. Претставата  ја донесуваат словенечките актери од Драма Љубљана на текст од македонскиот драмски писател  Горан Стефаноски. Тема на текстот е Првата светска војна, каде што акцент во тој пеколен казан е ставен на потрагата по љубов,  копнеж за топлина, нежен допир и човечки збор, напоменува авторот  Стефаноски. Тој потсетува на опсесивната тема кај Шекспир за невзоможноста на љубовта во светот на политиката.„ Не може да се сакаат луѓето кога има многу историја околу нив. Темата на пиесата …

Авг 19, 2015

Монографија за ОМУ „Методи Патче“

Педесетгодишното постоење на основното музичко училиште „Методи Патче“, ставено во монографија. Денес оваа книга беше промовирана пред охридската јавност од страна на некогашната професорка по флејта, Радмила Попоска. Присутни беа некогашните директори на училиштето, професори во пензија, актуелни професори како и ученици кои постигнале видни успеси и резултата. Промоцијата беше исполнета со многу емоции и спомени од времето кога училиштето се основало па до денес. Монографијата била подготвувана повеќе од една година и во неа се сконцентрирани фотографии, разговори со оние кои оставиле бел…

Авг 19, 2015

До крај на месецов ќе се објави оглас за реконструкција на кејот

Постапката за реконструкција на градскиот кеј се одвива според утврдената динамика, велат од локалната. Изработени се идејно решение и главен проект и започната е постапката за распишување на јавен повик за избор на оператор за извадување на предвидените градежни работи, информираат од локалната.  Се чека огласот да добие согласност од Советот за јавни набавки , независно владино тело, а тоа може да потрае од 2 до 4 седмици.  Во декември минатата година од локалната самоуправа најавија дека ќе се реконструираат грдскиот кеј и плоштадите Крушевска Република и Св Климент Охридски, а целта …

Авг 19, 2015

Позитивни одгласи за Охридско лето кое го задржа препознатливиот квалитет

Со над 25.000 посетители и голем број  музичари и уметници кои гостуваа  од  над 15 земји од светот се заокружува годинешното 55 јубилејно издание на Охридско лето.  Во 40-те фестивалски денови се славеа  29 музики настани, 13 театарски престави и 10 настани од другите уметности, кажа при сумирањето на резултатите од фестивалската програма, директорката Елизабета Јанкулоска. „ Не изнендува и радува што имавме публика од сите возрасти. Имавме поврзување и со туризмот, имавме туристички групи кои ги посетија настаните. Горди сме  како тим што успеваме на секоја вечер да и дадеме посебно значе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top