Пуштајќи ги белите гулаби, симболот на мирот и пренесувајќи ги искрените детски пораки и желби за крај на сите насилства и војни во светот, денес, најмалите охриѓанчиња од градскиот плоштад покажаа колку малку е потребно за да се оствари најголемата желба на човештвото и да стане реалност. Пеејќи песнички, играјќи и носејќи пораки за мир во рацете, тие го одбележаа меѓународниот ден на мирот. Денес точно на пладне, преку актерот Ивица Цонев, сите имаа можност да ја чујат и годинешната порака за мир упатена од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.
„Иако можеби тоа да изглед…
Доаѓа есента, а со тоа и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.Денес и утре екипи од нашиот сектор и од ЈП „Комуналец“ ќе одат на терен ќе ја снимаат состојбата со речните корита и со …
Свесни сме дека од партиската централа во Скопје од СДСМ Охрид добиваат насоки за континуирано критикување на вредното работење на градоначалникот Никола Бакрачески и локалната самоуправа но тоа го прават многу невешто и со секоја прес-конференција си даваат авто голови отворајќи прашања кои што воопшто не им одат во прилог, се вели во реакцијата на општина Охрид на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ од Охрид.Свесни сме дека од партиската централа во Скопје од СДСМ-Охрид добиваат насоки за континуирано критикување на вредното работење на градоначалникот Никола Б…
Оттуѓување на семејствата, недостаток на комуникација, непочитување на авторитетот на родителот или воспитувачот во градинките.
Ова се само дел од условно кажано „симптомите“ на современиот начин на живот и комуникација. Во центарот на вниманието или за жал се почесто и недостигот на внимание се оние најмалите и најважните, децата. Според Слободанка Радосављевиќ, која е дел од Балканскиот сојуз на воспитувачи, комуникацијата помеѓу родителите и детето, особено во претшколската возраст е навистина важен сегмент бидејќи секој недостиг на комуникација, според неа води до давање погрешни приме…
Населбата Видобишта , на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови, посочуваат охридските социјал демократи. „Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба особено во врнежливи денови едвај стасуваат до своите домови, вели портпаролот на ОО СДСМ Александар Кузески. Додава дека за граѓаните кои живеат тука проблем е секое излегувањ…
Дислоциран забавниот детски парк кај мостот. Од ЛС најавуваат градежни зафати со кој паркот ќе се проширува и обновува со модерни играчи , клупи и хортикултурно зеленило. Новото детско катче ќе се протега на 397 м квадратни, а неговите граници ќе се прошират на просторот на кој порано беше поставен времен угостителски објекти, информира секретарот на општината Димитар Спасески. Реквизитите кои пак досега се користеа во овој парк ќе бидат пренаменти. „ Во моментов интензивно се одвиваат градежните работи. Од она што е договорено старите играчки ќе бидат дадени на користење за потребите н…
Охрид на црна листа на УНЕСКО, а езерото станува претесно за пловните објекти кои загадуваат, алармираат екологистите. Маслена дамка во езерото на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум беше забележана викендов од страна на граѓанин. Михајло Наумоски, кој секојдневно го користи езерото за рекреација вели дека е револтиран бидејќи досега не забележал такво нешто, а можел да го види и незадоволството на туристите кои уживале на Охридското крајбрежје во тој момент.
-Се чувствуваше некој страшен мирис на нафта, прегорено масло, меѓутоа не видовме бидејќи честопати по кејот помину…
Да се гради сопствен образовен систем, да се прифаќаат делови од други образовни системи или целосно да се копираат други системи кои се покажале успешни во поразвиени земји. Ова е дилемата со која се соочуваат најголемиот дел од балканските држави. Во време на глобализација, кога решенијата се достапни на дланка се чини најлесно е да се копираат туѓите решенија. Според деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, проф.д-р Владо Тимовски, глобализацијата треба да се обработува само преку прифаќање на некои теми или содржини кои се општоприфатени во повеќе земји.
„Јас мислам дека секоја држав…