Каналите и речните корита натрупани со отпад и обрасната со бујна вегетација

Каналите и речните корита час поскоро треба да се исчистат бидејќи најавено е дека во наредниов период ќе има обилни врнежи од дожд. Од Локалната велат дека од утре екипи на општината и од ЈП „Комуналец“ ќе одат на терен и ќе ја снимаат состојбата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Доаѓа есента, а со тоа и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.

Денес и утре екипи од нашиот сектор и од ЈП „Комуналец“ ќе одат на терен ќе ја снимаат состојбата со речните корита и со каналите и во текот на оваа недела ќе започнат со чистење а динамиката на чистењето ќе се утврди на координативните состаноци кои треба да се одржат, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

Од локалната велат дека Акциониот план за чистење на речните корита во општина Охид одамна е завршен и дека истиот треба во целост да се спроведе пред интензивните врнежи од дожд  кои претстојат. Доколку не се исчистат каналите и речните корита Министерството за животна средина и просторно планирање, поточно од Секторот за води ќе даде налог локалната да изврши инспекциски надзор на состојбата со каналите и реките.

Таму каде што ќе има потреба во текот на октомври и ноември ќе бидат исчистени сите корита кои се влеваат во Охридското езеро. Јавноста знае дека секогаш се попроблематични коритото на реката Грашница и каналот кој води од Алтанин мост преку булевар Туристичка до Охридското езеро, вели Џамтоски.

Локациите каде треба најбрзо да се интервенира се реката Даљан, Коселска, реката Вапила, Летничка Река, поројот кај Рача, Скребатска Река, реката Черава и чистење на дивите депонии кои што се на овие места. Ќе се пристапи и кон чистење на сите оние места кои претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите, каде што има големи наноси, како и локации по речните корта кои се злоупотребуваат како диви депонии. Само за потсетување, во општинава последните големи поплави кога се излеаа водите од повеќе реки и канали се случија пред пет години кога беа оштетени 160 семејства.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top