Јул 8, 2021

Издавачите на педалинки да ги почитуваат прописите

Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Овие пловни објекти имаат статус како велосипедите на улица. Лицата кои издаваат педалинки мора да ги почитуваат важечките прописи за безбедноста на лицата кои ги изнајмуваат, вели Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК во чии рамки функционира службата за спасување на вода.   „Укажуваме на оние кои издаваат педалинки да го прават тоа според законските нормативи. Педалинките да не ги издаваат на лица кои се малолетни лица, кои не знаат да пливаат, да воспостават комуникација со изнајмувачите, да ги издаваат …

Окт 8, 2015

Почитувањето на законите за заштита при работа треба да стане автоматизам за работодавачите

Законите за заштита на работниците при работа треба да се почитуваат по автоматизам, а за тоа е потребно долго време но и соодветна контрола на нивното спроведување-сметаат од Европската организација за работнички прашања ЕЗА. Роберт Вебер, претставник на оваа организација и експерт од областа на заштитата на работничките права вели дека овој тип на законска регулатива е навистина строга во земјите од Европската Унија, но уште построга според него е и контролата врз спроведувањето на тие закони бидејќи без сознанието колку тие на терен се спроведуваат, ваквите закони би биле бесмислени.„Сме…

Окт 8, 2015

НВО Опција: Во Охрид и Струга нема детектирани лица заболени од Хив Сида

  Во регионов заболени лица од Хив Сида нема, велат од НВО Опција Охрид. Постигнатиот   резултат  ставање под контрола на преносливите болести кај сексуланите работници  и намалувањето на  употребата на дрога е благодарение на тимот на Опција  и  финансиската поддршка од швајцарскиот Глобален фонд. НВО Опција е единствена  која работи со целните групи зависниците од  наркотици и сексуалните работници.  Опција  денес  во пристуство на институции и НВО работно го одбележа јубилејот  една деценија постоење. Се дискутираше за значењето на програмите  и барање слух од државата за финансиска под…

Окт 8, 2015

Охрид домаќин на вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна

Храната во земјава е квалитетна и безбедна. Тоа се должи на контролите кои ги прават надлежните институции во однос на безбедноста но и со донесување на Законот за безбедност на храната во 2004 година со кој фирмите и производителите на храната ја согледуваат одговорноста и се грижат за безбедноста на храната. Ова го истакна проф Соња Србиноска од факултетот за земјоделски науки и храна. Од вчера во Охрид се одржува вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна. „Јас мислам дека во Mакедонија имаме воведено некој ред во однос на безбедноста а и фирмите кои што се обидуваат се повеќе…

Окт 8, 2015

Во Охрид ќе бидат прикажани осум филмови од различни жанрови од германска продукција

Комедија, дрaма, трилери и детски филмови ќе бидат  прикажани на фестивалот на новиот германски филм. Фестивалот свечено ќе биде отворен на 10-ти октомври во сабота, со криминалистичкиот филм „Роден во болка“. Втора година по ред  се одржува ревијата на германскиот филм, информира Драгана Боцевска , директорката на ЦК Глигор Прличев, и очекува интерес како и минатата година.„ Голема посетеност и прием наиде ревијата посебно кај младите, учениците и професорите. И годинава очекуваме голема соработка со учлиштата“ , кажаув Боцевска. Ревијата на нови германски филмови  е резултат  на соработка…

Окт 8, 2015

Тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во Радожда

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во струшкото село Радожда. Казненото дело, засега непознатиот сторител го извршил во периодот од втори до десетти овој месец  употребувајќи подесен остар предмет со кој насилно делувал врз бравата од влезната врата. Откако значително ја оштетил бравата, сторителот на овој вандалски чин успеал да ја отвори влезната врата и да влезе во внатрешноста на црквата. Потоа извршил пребарување, од олтарот и одзел четири резбани столпчиња со должина од два метри и ширина 15 сантиметри и две резбани царски двери.На местото на настанот , извр…

Окт 8, 2015

Повторно во советот ќе се кршат копја околу изградбата на малото пристаниште

Предлог Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување на малото пристаниште преку изградба на марина и туристичко угостителски објект, е првата точка на дневен ред за која ќе расправаат охридските избраници во советот, на 45-та седница која ќе се одржи во среда, 14- ти октомври.На дневниот ред на оваа седница исто така советниците ќе решаваат и за  предлог одлуката за давање на користење училишен простор на дневен центар за деца со аутизам и дневен центар за деца со попреченост, донесувањето на буџетскиот календар , утврд…

Јул 8, 2021

Современ центар за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, целта на настанот е да се презентираат резултатите од проектот кој што е поддржан преку грант-шемата за инвестициски проекти во областа на социјалното вклучување во Југозападниот плански регион. На настанот најавени се обраќања на министрите за локална самоуправа и за здравство, Горан Милевски и Венко Филипче, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Тејада, Рамиз Мерко, претседател на Советот за развој на СЗПР, Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид, Мирјана Лозаноска, директорка на Центар за развој на југозападен регион…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top