• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Почитувањето на законите за заштита при работа треба да стане автоматизам за работодавачите

Почитувањето на законите за заштита при работа треба да стане автоматизам за работодавачите

Почитувањето на законите за заштита при работа треба да стане автоматизам за работодавачите. И најдобрите закони од оваа сфера не би имале смисла ако не се спроведуваат или не се врши контрола врз нивното спроведување-сметаат од Европската организација за работнички прашања. Според Унијата на независни и автономни синдикати пак, токму спроведувањето на законите за заштита при работа е на многу ниско ниво во земјава.

 |  Мишел Наумоски  | 

Законите за заштита на работниците при работа треба да се почитуваат по автоматизам, а за тоа е потребно долго време но и соодветна контрола на нивното спроведување-сметаат од Европската организација за работнички прашања ЕЗА. Роберт Вебер, претставник на оваа организација и експерт од областа на заштитата на работничките права вели дека овој тип на законска регулатива е навистина строга во земјите од Европската Унија, но уште построга според него е и контролата врз спроведувањето на тие закони бидејќи без сознанието колку тие на терен се спроведуваат, ваквите закони би биле бесмислени.

„Сметам дека има недостаток од почитување на законите тука, исто како што постоеше и кај нас пред 13 години, меѓутоа сега имаме поголема совест за улогата на работниците и на работодавачите и двете страни ја прифатија постоечката контрола на законите и своите одговорности. Кај нас има финансиски казни и во компаниите каде што се случуваат многу несреќи на работното место, тие даваат финансиски придонес во системите за социјално осигурување, додека пак во оние компании каде што нема несреќи на работното место, тие добиваат одредени бонуси, и исто така ние имаме иницијативи за почитување на принципот на „здравје и безбедност на работното место.“- Роберт Вебер-претставник на ЕЗА.

Според потпретседателката на Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, Дивна Змејковска, надлежните министертства и инспекторати кои ги третираат работничките права не преземаат мерки за подобрување на состојбата со нивното почитување.

„Ние утврдуваме дека да имаме закони во Македонија, меѓутоа имплементацијата на законот ни е на едно незавидно ниво, да не речам на никакво ниво затоа што и покрај зголемениот број на повреди и смртни случаи за жал на работно место, не се преземаат одредени мерки за спречување на тоа. Овој податок ќе го потврдам со тоа што беа поканети лично претставници од министерството и од трудовиот инспекторат, од министерсвото кажаа дека нема кој да го покрие овој дел, а инспекторатот не одговори на поканата и веројатно ќе мораме да повторуваме се додека не успееме да ги донесеме овде за да дискутираме и да разменуваме искуства.“- Дивна Змејковска-потпретседател на УНАСМ.

Инаку Унијата на независни и автономни синдикати заедно со Европската организација за работнички прашања чија воедно се членка, од вчера па се до десетти октомври организираат регионален семинар токму за здравјето и безбедноста на работното место како основно право на работниците. На семинарот, учество земаат претставници од Македонија, Албанија, Косово Црна Гора и Словачка како и работодавачи од нашата земја. Воедно со овој семинар, тие го одбележаа и меѓународниот ден на достоинствена работа, 7ми октомври.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top