НВО Опција: Во Охрид и Струга нема детектирани лица заболени од Хив Сида

Во општините  Охрид и Струга нема  детектирани лица заболени од Хив Сида. Состојбата  е резултат од децениското  спорведување на програмите  за намалување на штетите од употреба на дроги и поддршка на сексуалните работници. До декмеври 2016 истекува финансиската поддршка за спроведување на програмите е од швајцарскиот глобален фонд па  НВО подготвуват платформа за добивање финансиска поддршка од  државата.   

 |  Валентина Неловска  | 

 

Во регионов заболени лица од Хив Сида нема, велат од НВО Опција Охрид. Постигнатиот   резултат  ставање под контрола на преносливите болести кај сексуланите работници  и намалувањето на  употребата на дрога е благодарение на тимот на Опција  и  финансиската поддршка од швајцарскиот Глобален фонд. НВО Опција е единствена  која работи со целните групи зависниците од  наркотици и сексуалните работници.  Опција  денес  во пристуство на институции и НВО работно го одбележа јубилејот  една деценија постоење. Се дискутираше за значењето на програмите  и барање слух од државата за финансиска поддршка на овие проекти по истекот на финансиска помош од Глобалниот фонд, рече Јулијан Настоска соц работник од Опција.

„ Морам да подвлечам  дека имаме постигнато голем успех. Работата на ова поле кога се во прашање зависности од дрога и сексуалните  работници тоа е макотрпен пат кој 10 години наназад го правиме во Охрид и Струга, а нашите колеги од 1996 година во земјава  успешно го трасираат со програми за намалување на штетите од зависности и за ниска хив превалентност. Доволно кажува тоа што на територија на Охрид и Струга нема детектирано лица заболени од хив сида“, истакна Јулијана Настоска НВО „Опција“.  
 
Од НВО Опција го потенцираат искуството во Грција и Романија  по завршувањето на финансиската помош од Глобалниот фонд бројот на заболени со ХИВ Сида се искачил на 326 лица на годишно ниво. Тие се  надеваат дека тоа нема да се дозволи да се случи и кај нас. 16 македонски НВО работат на ова поле, оформиле платформа за лобирање финансии за продолжување на проектите, вели Влатко Деков од ХОББС.

„ Останува проблемот по декември 2016. Владата на РМ мора да преземе обврска за вклучување во програмите во рамките на сопствениот буџет. Дали ќе е преку министерството за здравство или министерството  за труд и социјална политика и локалните самоуправи останува да видимено ова е најбитно прашање. Формирана  е работна група од Министерството за здравство во која се вклучени повеќе граѓански здруженија“, напоменува Влатко Деков од ХОББС Скопје.

Целта е работната група да напарви стратешки план за преземање обврски по Глобалниот фонд . Македонија е добар пример во превцијата на хув сида и лицата кои употребуваат дроги и здруженијата на граѓани ја потсетуваме Македонија за да учат од нашиот пример. Очекуваме добрата пракса да остане и понатаму“, кажува Деков.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top