Окт 15, 2015

Показна вежба за евакуација во случај на земјотрес во ОУ Ванчо Николески, Лескоец

Утринава земјотрес го погоди село Лескоец , охридско. Учениците од ОУ „Ванчо Николески“, во паника за една минута  го напуштија школото, а двајца ученици беа извлечени со повреди. На лице место пристигнаа ургентните возила на Прва Помош, на Црвениот Крст како и екипата од ТПП единица на Охрид. За среќа овој настан беше дел од показната вежба „евакуација на учениците при земјотрес“.„Тоа ни е предвидено во годишната програма, учениците беа подготвени претходно, родителите известени и месното население со истакнување на соопштенија, како што беше препораката од претставниците на Црвениот крст,…

Окт 15, 2015

Ќе се решаваат направените пропусти од авионското снимање

Последна можност за сите поранешни сопственици, корисници на градежно неизградено земјиште кои го пропуштиле рокот за поднесување на барање за приватизација кој истече на 15 декември 2014 год. Директорот на Управата за имотно правни работи Зоран Крстаноски, информираше за последните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште, кои се во интерес на граѓаните. За оваа категорија на корисници воведена е една скратена постапка во Законот за приватизација со која што до 15, јуни 2016 година ќе можат дирекно до одделенијата во катастар да поднесат пријава, со фотокопија од лич…

Окт 15, 2015

Општина Охрид се вклучи во кампањата за борба против гладта

Охридскиот градоначалник и директорите на јавните претпријатија се вклучија во кампањата на охридскиот Црвен крст во  Денот и Неделата за Борба против гладта. Купуваа прехранбени артикли наменети за сограѓаните од ранливата категорија. Градоначалникот Бакрачески кажа дека Локалната самоуправа во својата годишна програма ги поддржува сите хумани активности на ЦК, стипендира талентирани студенти и ученици, издвојува еднократна парична помош за секое новороденче, субвеницонира дел од комуналните сметки  на граѓаните.    „ На некој начин ги изразуваме нашите морални и етички принципи кои треба …

Окт 15, 2015

Охрид ќе добие поголем Центар за лица со интелектуална попреченост

Во рамките на центарот ќе бидат згрижени и лицата со аутизма. Државата за оваа година не може да обезбеди вработувања за стручни лица кои ќе работат со овие лица, но затоа општината е подготвена финансиски да помогне да се ангажираат стручни лица за потребите  на центарот. Прифатена предлог одлуката  Охрид  да добие поголеми простории за функционирање  на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Во рамките на тој центар ќе бидат згрижени и лицата со  аутизам. Просториите ќе бидат сместени во ОУ Братство Единство на 210 метри квадратни.  Владата во јуни оваа година  за след…

Јул 9, 2021

Објавени хотелите во кои ќе се користат ваучерите за туризам

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30-ти ноември годинава. Целосната листа можете да ја видите на овој линк.

Окт 15, 2015

Отворени денови на катастарот повторно во Охрид

Одделенијата за Агенцијата за катастар на недвижности и одделенија на Управата за имотно-правни работи во Охрид денеска и утре ќе ја спроведат акцијата „Заеднички отворени денови со граѓаните“.На денешната средба со грѓаните во Охрид ќе присуствуваaт директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстаноски.Акцијата која ќе се реализира во периодот од 9 до 17 часот има за цел да им овозможи на сите граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и имотно правните односи да се обратат за помош, но и да под…

Окт 15, 2015

Пензионерите и сообраќајот

Подигнување на степенот на безбедност и на јавната свест кај пензионерите и повозрасните лица како ранлива категорија учесници во сообраќајот и мислења за поактивен придонес за безбеден сообраќај, беа темите на работниот состанок што денес, на иницијатива на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, се одржа со Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца.Како што истакна Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, пензионерите се специфична категорија учесници во сообраќајот не само поради возрас…

Окт 14, 2015

Ќе се уредува пристаништето пред Палас

Советот на општина Охрид даде зелено светло за уредување на малото пристаниште пред хотелот Палас. На денешната 45 – та седница со 12 гласа за и 9 против се изгласа предлог одлуката за започнување постапка за доделување на договор за Јавно приватно партнерство за изградба и управување на мало пристаниште преку изградба на марина. Насловот на предлог одлуката претрпе измена на самиот почеток на седницата, поради, како што нагласи претседателот на Совет Гордана Коњаноска, усоглсување со насловот на физибилити студијата. Советниците од опозицијата не само што не ја подржаа оваа точка, туку бар…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top