Ќе се решаваат направените пропусти од авионското снимање

Одделението на управата за имотно правни работи во Охрид од досегашните вкупно примени 13 000 илјади барања, има завршено 8700 предмети правосилно, обелоденува првиот чвеик на управата Зоран Крстаноски. Годинава за прв пат Управата за имотно правни односи се вклучува во акцијата на Агенцијаа за катастар и недвижности, “Отворени денови со граѓаните“.

 |  Биљана Николоска  | 

Последна можност за сите поранешни сопственици, корисници на градежно неизградено земјиште кои го пропуштиле рокот за поднесување на барање за приватизација кој истече на 15 декември 2014 год. Директорот на Управата за имотно правни работи Зоран Крстаноски, информираше за последните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште, кои се во интерес на граѓаните.

За оваа категорија на корисници воведена е една скратена постапка во Законот за приватизација со која што до 15, јуни 2016 година ќе можат дирекно до одделенијата во катастар да поднесат пријава, со фотокопија од лична карта, правниот основ со кој што се запишани како корисници на градежното земјиште и доказ од соодветната општина дека на предметната катастарска парцела не е поднесено барање за легализација“.- вели Зоран Крстаноски – Директор на Управа за имотно правни односи

Агенцијата за катастар и недвижнсти осма година по ред ја спроведува акцијата, „Отворени денови на катастар“, а прва година настапуваат заедно со Управата за имотно правни работи. Како што нагласи Славче Трпевски првиот човек на Агенцијата, акцијата ја проценуваат како успешна бидејќи граѓаните на едно место имаат можност да ги добијат услугите и на катастарот и на Управата за имотно правни работи. Трпевски информираше дека продолжен е рокот на поднесување на барања за легализација на инфраструктурни објекти и кажа дека новиот рок е до 31, декември годинава, а ја појасни скратената постапка за уредување на меѓи.

„Знаете со авионскот снимање, како во Охрид, Скопје и во други градови, имаме навлегување на едни комшии кај други, на барање на граѓаните се промени законот и се воведе една скратена постапка за уредување на меѓи. Конкретно оваа постапка опфаќа 54 000 парцели на ниво на држава и околу 130 000 граѓани додека пак на ниво на Охрид опфатени се околу 3 103 парцели до вкупно 189 357 парцели. Постапката е многу едноставна нема потреба од нотарски акт и геодетски елаборат, потребна е добра волја меѓу соседите да појдат до најблиската канцеларија и да ги одбегнат нотарските трошоци од 100 евра и уште 50 евра за геодетски елаборат,сега со изјава на нотар која чини 300 денари, граѓаните можат да си ги решат овие сососедски проблеми, односно права“.- објаснува Трпевски.

Инаку, како што информираше Трпевски од почетокот на годината заклучно до месец септември на ниво на општина Охрид во одделението за катастар примени и решени се 47 000 предмети, од почеток на легализацијата досега, во катастарот во Охрид се запишани 2767 објекти. Од ранливата категорија на граѓани на Охрид поднесени се 147 предмети за легализација и истите се изготвени. Директорот исто така нагласи дека главниот проект дигитализација на катастарски планови во Охрид е доста успешен така што дигитализирани биле 92% од плановите, а во примена 60%. Денес 50 охриѓани имаа можност пред првите луѓе на Управата за имотно правни работи и агенцијата за катастар за недвижности, отворено да дискутираат за проблемите со кои се соочуваат од имотно правен карактер, како и прашањата од катастарот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top