Ќе се менува азбестниот кров на Детската градинка „Сонце“ во Струга. Оваа детска установа години наназад има голема потреба од менување на кровот бидејќи истиот прокапува и е азбестени. Сите знаеме дека азбестот е штетен по здравјето на луѓето, а докторите постојано укажуваат дека азбестот има канцерогено својство и воопшто не е здрав за децата.
Врз основа на четирите општински стратегии усвоени Советот на општина Струга и тоа од од сферата на образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации, стружани извршија приоретизација на проектот за промнена на стариот и…
Во рамките на концептот ,,Полицијата со заедницата”, СВР Охрид и отсекот за превенција, ја отпочнаа кампањата ,,Превенција од кражби”.
Целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички моторни возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема внимателност, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба како и фаќање на сторители на кражби и други имотни деликти.Кампањата ја спроведуваат полициски службеници кои се присутни на плажите, паркинг просторите и на други места во гра…
Денот на револуционерната борба 23 Октомври општина Охрид го одбележа на свечен начин. Од името на ЛС пред пристутните во големата сала во општинската зграда, се обрати претседателката на општинскиот Совет Гордана Коњаноска. Горди сме и со крената глава, но и одговорни пред подвизите и жртвите на нашите предци за слобода на Македонија, свесни дека овој ден е, бил и ќе биде засекогаш врежен во колективната меморија на нашиот народ, рече пред гостите Коњаноска. Претседателката потсети на значјаните исторсики датуми, настани и личности од трнливата борба за слободна и самостојна Македонија….
Решение за иселување од бараките на улица Железничка доби десетчлено семесјтво од Охрид. Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца за 8 дена треба да ја напуштат бараката, во која живееле 15 години. Маката ме натера јавно да излезам и да проговорам за мојата тажна животна приказна, сметајќи дека тоа ќе допре до надлежните, раскажува Илбер. „Каде да одам во ова зимно време за 8 дена незнам што да правам. Седам со децава и си мислам, земам социјално 6,700 ден, овој месец почнав да земам, само тоа ми е друго ништо не земам, немам други приходи, ги школувам децава, не ги пушта…
Во пресрет најавите за нови обилни врнежи од дожд, а по препорака на Министерството за транспорт и врски, локалната самоуправа од Охрид со засилени активности за чистење на речните корита и градската канализација. По случаите на поплавени домови, подруми и гаражи од минатата недела кога овој регион беше погоден од поројни дождови, Штабот за заштита и спасување на општина Охрид континуирано со активности за чистење на најкритичните точки кои и најчесто се поплавуваат, но и речни корита и улици кои претставуваат потенцијална опасност за евентуално поплавување. Имајќи ги предвид најавите за но…
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во рамки на Интернационалната конференција на главни градови што се одржува во Израел, имаше прием во кабинетот на Премиерот Бенјамин Нетанјаху, а оствари средба и работна вечера со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат. Меѓу другото беше остварена и работна средба со менаџментот на врвниот институт за срце кој е дел од најголемата болница во Ерусалим – Хадеса еин Карем.Во рамките на интернационалната конференцијата на градоначалници во Израел, градоначалникот Никола Бакрачески беше во посета и работен ручек на израелското министерство за надв…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање поткуп“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против М.Х. (39) од Дебар. На 14 септември оваа година, пријавениот-сопственик на индивидуал- на земјоделска фирма “Чифлик Мирзо“-Дебар, на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра. Настанот се случил во Дебар при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со растителни производи-пченка, луцерка и граор, за кои пријавениот до Агенција имал поднесе…
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во „Механизација“ на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.Согласно годишниот календар за 2015 год. …