• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Новите обилни врнежи од дожд, го интензивираа чистењето на речните корита и охридската канализација

Новите обилни врнежи од дожд, го интензивираа чистењето на речните корита и охридската канализација

Најкритична точка е градската канализација, но главен фактор за нејзиното потфрлање, според луѓето од Штабот за заштита и спасување на Охрид е токму човекот со несовесното однесување.

 |  Мишел Наумоски  | 
korita

Во пресрет најавите за нови обилни врнежи од дожд, а по препорака на Министерството за транспорт и врски, локалната самоуправа од Охрид со засилени активности за чистење на речните корита и градската канализација. По случаите на поплавени домови, подруми и гаражи од минатата недела кога овој регион беше погоден од поројни дождови, Штабот за заштита и спасување на општина Охрид континуирано со активности за чистење на најкритичните точки кои и најчесто се поплавуваат, но и речни корита и улици кои претставуваат потенцијална опасност за евентуално поплавување. Имајќи ги предвид најавите за нови обилни врнежи од дожд, а воедно и препораките на Министерството за транспорт и врски, во Охрид биле преземени повеќе активности за избегнување на нови поплави во наредниве денови.

kanalizacija„Најкритична точка беше канализацијата и канализационите системи, меѓутоа огромен дел од улиците благодарение на механизацијата која беше доставена беа издувани, ослободени и исчистени од се она што го има внатре, јас ќе ги споменам, исчистени и оспособени се улиците „Ванчо Питошески“, „Никола Карев“, „Галичица“, „Туристичка“ до Монтенегро хотел Дончо, „Прилепска“, улиците „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Ариф Мустафа“, „Први Мај“, „Малесија“, „Бистрица“.“-вели Ангел Јанев, командант на Штабот за заштита и спасување на Охрид.

Јанев вели дека против природата не можат да делуваат, но можат да делуваат превентивно особено на свеста кај граѓаните кои со своето несовесно однесување во голема мера придонесуваат за намалување на капацитетот на градската канализација.

cistenje korita„Искуствено апелирам до сите граѓани на општината Охрид, колку и да чистиме сепак огромен дел зависи и од нашето однесување, поврзано со и околу одводните системи. Најдени се доста материјали и материја во одводните системи и во канализационите системи на кои што таму и не им е местото. Ќе повторам дека една од најголемите причини за водата што се појавува по улиците на Охрид е тоа што колекторскиот систем не може истовремено да ги обработи и водите од канализацијата и дождовните води, меѓутоа огромен дел може да обработи. Не можноста за обработка се гледа во делот каде што има затнување на тие канали, а причина за затнување е сепак човечкиот фактор, значи се она што ние фрламе.“-рече тој.

cistenje kanalizacijaЈанев вели дека со големи проблеми се соочиле и на патниот правец Охрид-Св.Наум кај автокампот Елешец и кај Пештани во смисла на одрони на патот. Во овој дел, Јанев вели дека е исклучително важно да се внимава да не се сечат шумите близу населените места бидејќи тие претставуваат основен начин на самозаштита од сето она што може да се случи од свлечиштата. Во акцијата за чистење опфатени биле и речните корита во близина на улицата „Железничка“, речното корито на Коселска река од стариот пат Охрид-Струга па се до сливот во езерото, каналот кај улицата „Аџи Мустафа“ од улицата „Гоце Делчев“ па се до поранешното стовариште на Олимпија. Јанев додаде дека со оглед на тоа дека локалната преку Штабот за заштита и спасување не може да има увид во сите места каде што има или може да има некаква појава на поплави, апелираше до граѓаните тоа да го пријавуваат на бројот на Центарот за управување со кризи 195.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top