Окт 27, 2015

Турски студент во Струга фатен со марихуана

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци  и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција.На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот,  извршен е претрес  во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа,  во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама. Пријавениот К.Х.  кој е студент на еден Меѓународниот универзитет во Ст…

Окт 27, 2015

Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“

Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот.Тие под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче заучениците.

Окт 26, 2015

Улицата „Ристо Чадо“ денес го доби првиот асфалт

Поставен првиот асфалт на улицата „Ристо Чадо“. После неколкумесечната целосна реконструкција на оваа улица, денес изведувачите од АД „Илинден“ од Струга го положија седум сантиметри дебелиот слој асфалт од типот БМ ХС 16 кој според луѓето од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици е еден од најквалитетните типови. Во текот на денешниот ден беше асфалтиран еден дел од оваа улица почнувајќи од кружниот тек кај Сојузот на возачи во правец кон објектот „Стобекс“. Љупчо Танески, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека паралелно со аслфалтирањето, работниците од ј…

Окт 26, 2015

Семејството Илбер засега останува во својот дом

Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца засега нема да ја напуштат бараката во која живееле 15 години. Иако пред една недела добија решение за иселување, директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести.Нема да ги иселиме за осум дена. Ние многу пати досега сме пуштиле вакви решенија, но не сме ги иселиле. Преовладуваат човечките и хумани чуства, но ова е само за некое време, можеби да ја поминат зимата бидејќи од таа барака секако ќе мора да …

Окт 26, 2015

Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци

  Започна да се санира срушениот ѕид од северната страна на музејскиот комплекс Робевци. Од охридскиот Завод и музеј изработиле проект и спровеле  геомеханичко истражување на просторот. Тоа овозможува да се изведува новиот потпорен ѕид кој ќе биде заштита на карпата  и објектите изградени на горното плато од музејскиот двор, информира директорот на Завод и Музеј  Тања Паскали Бунташеска.„ Тој ѕид ќе биде целосно реконструиран, обложен со камен и ќе ја заштити карпата од понатамошни  оштетувања и музејскиот двор од комплексот Робевци ќе го добие конечно ликот“, подвлекува Паскали Бунташеска…

Јул 11, 2021

78-годишен Охриѓанец загина кај Свети Еразмо

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Подмоље-Охрид, кај Св. Еразмо животот го загуби 78-годишен охриѓанец. -На 10.07.2021 година во 14,40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо”, се случила сообраќајна незгода помеѓу “фолксваген голф” со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4″ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило “фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и то…

Окт 26, 2015

Паднаа и прилепчани

Охридските ракометари викендов забележаа  уште една победа. Тие на домашен терен со 30-22, (12-9) на полувреме го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.Охридските „гладијатори“ викендов го одиграа својот најдобар натпревар во Супер лигата. Тие во спортската сала „Атина Бојаџи“ забележаа уште една победа, овојпат над ракометарите од РК „Прилеп“. И овој пат главна одлика на играта на охридските ракометари беше силната одбрана збогатена со разновидноста во нападот. Оваа петта победа сезонава им донесе на охриѓани сигурно место во горниот дел од та…

Окт 24, 2015

Неопходни се синдикални здруженија во приватниот сектор

  Врабтеноста на работниците од областа на хемијата неметали и метали во земјава е на ниско незадоводилетелно ниво. Ваквата состојба ја предочи претседателот на Синдикатот Зоран Мироноски кој смета дека состојбата можеби ќе се подобри, но засега тоа одело многу споро и покрај тоа што се  отворале работни места во слободно економските зони. Нивното незадоволство било посебно изразено во тие слободните економски зони, бидејќи таму немале членство, а работниците биле изложени на тортура на работодавачите, затоа што работниците немале никакви права и обврски и не припаѓале во ниеден колективен…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top