Окт 28, 2015

Започна да се гради речното корито на ул. Ариф Мустафа

Стартуваа градежните работи за уредување на речното корито во Воска. Жителите од  улицата  Ариф Мустафа може да здивнат од можните поплави со кои се соочуваа при пообилни врнежи. Каналот  ќе се гради од армиран бетон и со ѕидови од камен со дебелина од 30 до 40 цм , во  должина од 280 метри, со ширина во долниот тек  од 1,5 м и ширина на горниот тек од 1,7 м, најави градоначалникот Никола Бакрачески.„Тоа ќе подразбира и уредување на просторот на каналот за биде пристојно катче за живеење. Работите ќе течат според предвидениот рок на изведувачот од 120 дена за кои треба да ги заврши работите…

Јул 12, 2021

Впечатлив настап на младите и талентирани уметници Петрески и Хаџиевски

Во црквата „Света Софија“ синоќа се одржа концерт во рамките на проектот „Подиум на млади“ на „Охридско лето“. Пред фестивалската публика настапија младите уметници, обоистот Андреј Петрески од Република Северна Македонија и пијанистот Александар Хаџиевски од Република Србија. И двајцата настапуваат првпат на фестивалот изведувајќи ги Сонатата за обоа и пијано од Франсис Пуланк  и Концертната пиеса за обоа од германскиот композитор Риец. -„Охридско лето “ е голема промоција за младите музичари. Тие не добивааат многу можности да свират, но „Охридско лето“ го прави тоа, да настапувааат и…

Окт 28, 2015

Голем интерес за Еразмус + кај студентите од ФТУ

Шестмина студенти  ја користат Еразмус плус програмата за мобилност и престојуваат во неколку  европски универзитети. Тројца студенти се  на сплитскиот универзитет, еден во Задар, и двајца во Шчечењ, Полска. Студентите се од различни студиски групи кои се изчучуваат на факултетот за туризам, а договорите за изучување се направени согласно со институцијата каде што одат и врз основа на предметите што се изучуваат на ФТУ, посочува деканот на Факултетот за туризам  и угостителство Цветко Андреески. Деканот  подвлекува дека користа од програмата мобилност на студенти  е повеќе кратна. Добивање …

Окт 28, 2015

Маалските дуќанчиња во целост не го почитуваат Законот за алкохолни пијалоци

Во охридските продавници генерално се почитува Законот за алкохолни пијалоци. Според овој закон после 19 часот во зимскиот период и после 21часот во лето, не смее да се продаваат алкохолни пијалоци. Ѓорѓи Бошалевски, раководителот на подрачната единица на пазарниот инспекторат вели дека во големите маркети во целост се почитува овој закон, но помалите продавници и малските дуќанчиња знаат да направат пропусти. Во некои продавници не дека се продава алкохол по дозволеното време, туку сопствениците или продавачите дозволиле слободен пристап до фрижидерот со алкохолни пијалоци бидејќи после од…

Окт 28, 2015

Градоначалникот на Гевгелија бара отворање на нов граничен премин од Грција

Отварање на нов граничен премин, бара Иван Франгов, градоначалникот на Гевгелија. За надминување на бегалската криза општина Гевгелија очекува помош од ЗЕЛС. Како што нагласи Франгов, дневната фрекфенција на мигранти кои поминуваат низ градот е од 2500 до 6000 луѓе. Додава дека мигранската криза длабоко ја чуствуваат жителите на Гевгелија и во општината се соочуваат со двојно повеќе работа, како во делот на подигање смет, а со оглед  дека зимата тропа на врата треба да обезбедат повеќе електрична енергија за греење. „Пунктот што успеавме да го направиме заедно со Владата надвор од градот пр…

Окт 28, 2015

Нашата земја добива позитивни извештаи од ЕУ за процесот на децентрализација – Трајановски

Електронското одобрение за градба, едно од главните достигнувања на ЗЕЛС. Нашата земја во Дуинг бизнисот е на 12 тото место во светот додека пак во Европа на 10 место, обелоденува претседателот и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Процесот на децентрализација е процес кој трае и треба да се избориме за појака децентрализација за повеќе финансиски средства, за повеќе надлежности и усогласување на законски прописи, нагласува Трајановски.„Ние имаме релативно млада децентрализација од 2005 наваму, оваа година одбележуваме 10 години од процесот на децентрализација. Ние имавме еден вакуум…

Окт 28, 2015

Нема нова давачка поврзана со фискалните каси

Управата за јавни приходи најостро ги осудува обидите на одредени политички фигури за дезинформирање на бизнис заедницата и граѓаните за наводно воведување на нова јавна давачка поврзана со ГПРС фискалните апарати.Управата за јавни приходи нема воведено дополнителни давачки, што значи “нула“ прилив во буџетот, а не 12 милиони евра како што се тврди за да се пополнат буџетски дупки. Целта на дезинформациите е очигледна – една од подобрите проекти на даночната администрација со позитивни оценки не само од бизнис заедницата, туку  и од сите релевантни меѓународните организации, се користи за д…

Окт 28, 2015

Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните

Ова, на претседателот на охридскиот совет за безбедност м-р Стефан Димоски му го кажа претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски. Тој, заедно со други претставници на Републичкиот совет, викендов го посети општинскиот совет во Охрид и имаше работна средба со претседателот Димоски и членот на советот м-р Флорентина Стерјовска. Тие информираа за досегашната работа на општинскиот совет, за реализираните проекти од јуни кога се оформи советот во нов состав се до септември годинава. На работниот состанок, меѓу другите теми беше втората нацио…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top