• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Нашата земја добива позитивни извештаи од ЕУ за процесот на децентрализација – Трајановски

Нашата земја добива позитивни извештаи од ЕУ за процесот на децентрализација – Трајановски

Нашата земја од година во година бележи позитивен извештај во делот на децентрализацијата. Претставници, односно градоначалници, заменици градоначалници од 20 земји од светот имаа можност да се запознаат со достигнувањата на нашата земја во делот на децентрализацијата на дванаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Р Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ, кој се одржа денес во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Електронското одобрение за градба, едно од главните достигнувања на ЗЕЛС. Нашата земја во Дуинг бизнисот е на 12 тото место во светот додека пак во Европа на 10 место, обелоденува претседателот и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Процесот на децентрализација е процес кој трае и треба да се избориме за појака децентрализација за повеќе финансиски средства, за повеќе надлежности и усогласување на законски прописи, нагласува Трајановски.

„Ние имаме релативно млада децентрализација од 2005 наваму, оваа година одбележуваме 10 години од процесот на децентрализација. Ние имавме еден вакуум во децентрелизација од 1990 година до 2005 годсо оглед на тоа РМакедонија во рамките на Југославија како останатите републики беше високо децентрализирана. Но она што го направивме за овие 10 години е голем исчекор во локалната самоуправа. Сигурно имаме уште многу проблеми кои треба да се решаваат, ова е процес, имаме држави кои што имаат високо развиени децентрализации имаат традиција повеќе од 100 години и сеуште ако разговарате со нив ќе видите дека имаат проблеми и бараат подобрување“– вели Трајановски.

И заменик министерот за Локална самоуправа Љупчо Пренџов, потврдува дека нашата земја е високо децентрализирана држава, што се отсликува во зголемување на финансискиот дел на општините од година во година.

„Во 2005 год општините оствариле вкупен приход од 5, 9 милиарди денари, за да во 2013 год вкупниот приход на општините во Р Македонија е 28,3 милијарди денари што е за 5 пати зголемен финансискиот приход на општините. Исто така учеството на општините во вкупниот БДП е зголемено за неколку пати како и наплатата на даноците кои што тие сами одлучуваат како ќе ги наплаќаат е зголемен за 3 пати“– изјави Пренџов.

Инаку теми на денешниот состанок на Заедничкиот комитет на РМ и Комитетот на региони на Европската Унија беа фискалната децентрализација и бегалската криза. Настанот е во организација на ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа на РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top