Голем интерес за Еразмус + кај студентите од ФТУ

Студентите од факултетот за туризам и угостителство покажуваат се поголем интерес за користење на Еразмус плус програмата мобилност. Во моментов таа можност ја користат  6 – мина студенти. Интенција на ФТУ е што повеќе студенти да го  искористат максимумот за престој  на некој од странските универзитетети за да стекнат што повеќе искуство.

 |  Валентина Неловска  | 

Шестмина студенти  ја користат Еразмус плус програмата за мобилност и престојуваат во неколку  европски универзитети. Тројца студенти се  на сплитскиот универзитет, еден во Задар, и двајца во Шчечењ, Полска. Студентите се од различни студиски групи кои се изчучуваат на факултетот за туризам, а договорите за изучување се направени согласно со институцијата каде што одат и врз основа на предметите што се изучуваат на ФТУ, посочува деканот на Факултетот за туризам  и угостителство Цветко Андреески. Деканот  подвлекува дека користа од програмата мобилност на студенти  е повеќе кратна. Добивање на нови искуства од начинот на студирање на странскиот универзитет каде ќе престојуваат, познанства со колеги,  усовршување на странскиот јазик, најчесто англискиот јазик  и пренесување на искустото на ФТУ, ги набројува придобивките деканот Андреески. Потенцира дека интересот кај студентите за учество во програмата станува поголем од година во година.

„Петтиот семестар е предвиден според студенската програма  како семестар за реализација на мобилност. Интересот секоја година се зголемува и оваа година за прв пат има 6 студенти кои ги испративме на мобилност, а краен таргет е 10 студенти во една академска година. Тој лимит е даден од Универзитетот  и  би било одлично кога би го исполнале“, вели деканот Цветко Андреески.
 
За своите студенти факултетот за туризам и угостителство обезбеди нова можност за размена на странски искуства. ФТУ потпиша нов меморандум за соработка со  швајцарската  Свисконтакт, информира Андреески.

„ Тие ни ја обезбедија Методолгијата за испитувањ ена туристичките појави усвоена од Универзитетот Сент Гален, а размената на наставен и студенски кадар ни овозможи со универзитетот во Луцерн. Во Луцерн  се организира светски туристички форум во 2017 на кој ќе  учествуваат наставнички кадар од областа на туризмот и студенти кои со свои трудови ќе аплицираат за учество на овој форум. Тие студенти кои ќе бидат прифатени ќе учествуваат на форумот“, појаснува Андреески.

ФТУ покрај програмата Еразмус плус за мобилност студентите има програма за размена и на професори. Двајца професори од ФТУ се на студиски престој на универзитетите  во Охајо,САД  и  во Шчечењ, Полска. Деканот подвлекува дека на нивниот факултет исто така преку Еразмус плус програмата за мобилност имаат странски студенти и постдипломци од Србија, Турција, Полска.  

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top