Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно ) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.Не…
ОО на Црвен крст е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење, активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот. „Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон ублажување на човечкото страдање, заш…
Преку стихови на познати македонски автори денес во библиотеката „Григор Прличев“ му се оддаде почит на патронот на градот, Св.Климент Охридски. По повод 1100 годишнината од смртта на големиот светец и патрон на Охрид, Св.Климент Охридски, денес во НУ Библиотеката „Григор Прличев“ се организира поетско читање на песни од македонски автори. Изборот на песните и изведбата беа на актерот во охридскиот театар, Ивица Цонев,„Свети Климент со своето дело не само што го заслужил своето место во македонскиот јазик туку и во целиот православен свет. Тој е патрон на градов и се верува дека секогаш …
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ш.А. (54) од Струга.На дванаесетти минатиот месец, пријавениот извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и ноsе во пределот на телото и вратот.Настанот се случил во угостителскиот објект „Палестина“ во Струга околу 16 часот, каде Ш.А. во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го оште…
Понудата ја сочинуваат осум нови наслови сите во издание на Топер. На топ листата ако така може да се рече се дури три книги од авторката Ајше Кулин. „Надеж 1 и 2“ и романот „Живот“.
Не помалку интересни приказни кријат во себе и двата романи од Хана Филдинг: „Љубов под маски“ и „Солзите на Афродита“. Во новата понуда се вклучени и романите: „Ајла“ и „Среќни засекогаш“ од Стефани Перкинс и „Бисерот што ја скрши школката“ од Надија Хашами.
Овој преглед на нови наслови го заокружуваме со романот „Потемно“ од Е.Л.Џејмс.
И ова лето до 1 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со чи…
Промовиран коктелот Еден Бисер кој ќе биде автентичен туристички производ на охридско струшката ривиера. Коктелот беше презентиран од Македонската асоцијација на бартендери. Неговата подготовка ја појасни барменот Филип Арнаудов, а го подготвуваше неговиот колега од асоцијацијата на бартендери Дарко Ангелески. Основата на коктелот „Еден Бисер“ е вотка, појасна при тоа Арнаудов. „Овој пат водката е со вкус на ванила, па следува сируп од тропското овошје маракуја. Тоа е овошје кое се става во алкохолни и безалкохолни пијалоци, а го дава вкусот со кој се добива чувство дека сте блиску до езер…
Од Агенцијата за катастар на недвижностиги ги информираат граѓаните и професионалните корисници (нотари, геодетски компании, извршители општини и др.) дека утре, понеделник, шалтерите при Одделението за катастар на недвижности во Охрид, како и во останатите градови во земјава, нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.Исто така професиноалните корнисници нема да можат да го користат електронскиот шалтер на 08.12.2015 (вторник)Од Агенцијата за катастар на недвижности потенцираат дека следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе се изврш…
Волјата да се успее, силата да не се предадат во најтешките моменти, упорноста и истрајноста го помагаат дури и телесниот инвалидитет. Дури и скептиците денес би можеле да се уверат во ова ако би ја погледнале желбата и ентузијазмот со кој телесните инвалиди од градов се натпреваруваа во традиционалните спортски игри кои тие ги организираат, а по повод меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, 3ти декември. Шах, пинг-понг, пикадо, стрелање со воздушна пушка, табла и домино. Ова се дисциплините во кои луѓето од здружението на лица со телесен инвалидитет, но и лицата со било каков друг ин…