Секој пијалок-мала помош но со големо значење. Денес охриѓани на кафе муабет во кафе барот Аквариус со една хумана цел. Втора година со ред, познатите личности од градов, со келнерските и шанкерските способности кои ги стекнаа на минатогодишната хуманитарна акција, вооружени со насмевка и ведрина дадоа свој придонес за помош на оине на кои тоа им е потребно.
“Секое патување почнува со првиот чекор. Се надеваме дека ќе прерасне во традиција, тоа е наша желба и интенција е да се повторуваат и да се множат вакви настани. Еве како што гледате, хуманитарниот карактер на охриѓани се отсликува в…
Да се промени начинот на полагање на стручниот испит, бараат од здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“. Како што нагласи Климент Наумов, од ова здружени, бројката на водичи на ниво на Македонија е близу 700 и не може да се каже дека има диви водичи. Тој нагласи дека биле направени низа разговори со инспекциските служби при општина Охрид како и со УЈП кои треба да ги контролираат плаќањата во туристичките текови односно работењето на туристичките водичи. Наумов кажа дека според неговите сознанија инспекциските служби направиле неколку контроли при што биле санкционирани повеќе …
Охридските гробишта се сколони на поплавување. Посебно опасност постои во зимскиот и пролетниот период кога се топат снеговите и надојдените реки од Велгошти можат да направат проблем. Според првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, претходните раководства на ЈП „Градски гробишта“ уште во 2004 донеле непромислена одлука за копање канал сметајќи дека ќе го решат проблемот. Во тоа време бил ископан канал во близина на главната водоводна цевка на гробиштата, но за жал тој канал не ги задоволувал потребите бидејќи истиот немал капацитет водите да ги обезбеди и да ги спроведе пона…
Прогласени за виновни обвинетите во судскиот процес за двојното убиство што во август минатата година се случи во хотелот „Император“ во Охрид. Ваква е одлуката на Судечкиот совет при Основниот суд во Охрид која беше донесена денеска.На првообвинетиот Бојан Петрески од Охрид кој се товареше за кривично дело убиство и неовластено поседување на оружје и распрскувачки материјали, судот му изрече единствена казна доживотен затвор. Тој е прогласен за виновен за извршено кривично дело убиство со умисла над 38-годишниот Ромео Ѓузелоски и 56-годишниот Васил Ристески. Второобвинетиот Ристе Силјаноск…
Р. Македонија и Р. Албанија ќе соработуваат во делот на енергетиката. Овие две мали земји имаат потреба од меѓусебно енергетско поврзување од кое ќе имаат обостран интерс. Ваквите проекти значат нов регионален пазар во енергетиката пред се за двете земји но и за регионот. Таков е заклучокот на министерот за економија на Република Македонија Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамиан Ѓикнури. Денес во Струга беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете држави во областа на енергетиката.Македонија и Албанија ќе соработуваат во делот на енергетиката. Со тоа пр…
На пресекот од улицата „Ванчо Питошески“ со улица „Мирче Ацев“ како што велат граѓаните, потегот е оставена ископан речиси еден месец , по интервенција од ЈП „Водовод“. Револтот кај жителите на овие улици се зголемува по инцидентот кој се случил за време на невремето минатиот викенд кога автомобил останал заглавен во дупката на самата улица. По интервенција на полицијата по инцидентот била поставена сообраќајна сигнализација, но сега и таа е отстранета, а дупките делумно се покриени со песок. Раскрсницата претставува опасност во сообраќајот и за локалното население, ама и за гостите кои нез…
На еден од најголемите светски фестивали на кои се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, кој на 5 декември оваа година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција од 2000 натпреварувачи, 9 охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата, освоија вредни награди и признанија.Со задоволство Ве покануваме на средба со учесниците на БРЕИНОБРЕИН натпреварот во Дубаи која ќе се одржи на 11.12.2015 (петок) во 12:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, на која ќе…
Во октомври годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на октомври минатата година.Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 187 (57,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13,8 проценти) од нискоградба и 94 (28,8 проценти) за објекти за реконструкција.Од 326-те објекти, на 202 (62 проценти) како инвеститори се јавуваат …