Јул 14, 2021

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ СТУДИЈАТА ЗА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Студијата се изработува од страна на Меѓународната Унија за Заштита на Природа IUCN ECARO како дел од активностите за донесување на Законот за ре-прoгласување на Охридско Езеро како Споменик на природата. На состанокот покрај претставниците на Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN ECARO), Програмата на ООН за животна средина (UNEP), Министерството за животна средина и просторно планирање беа присутни и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, градоначаникот на Општина Струга, Размиз Мерко и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески. На состанокот се диск…

Дек 19, 2015

Охрид за Новогодишните празници исполнет

  Охрид за Новогодишните празници очекува гости од целиот свет.  Хотелите очекуваат солидна посетеност за престојните празници. Според направените резервации и закупени аранжамни, најбројни и оваа година ќе бидат гостите од соседните држави Бугарија, Србија, Албанија, Косово, а неизбежни се и традиционалните гости од Црна Гора, вели Климент Наумов, претседателот на здружението туристички водичи „Кеј“.  Додава дека  ќе има присуство на гости и од далечниот Исток, тие немаат сезонски карактер и преку цела година се присутни на нивните кружни тури низ Балканот. Наумов со свое размислување што…

Дек 19, 2015

Подароци и позитивна енергија за дечињата во болницата „Св. Еразмо“

  Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот. За празникот Св Никола, посветен на светецот кој во христијанството важи за заштитник на морепловците но и на децата, женскиот Лајонс клуб „Деница“ ги посети дечињата во овој болнички оддел. Со дружење и новогодишни пакетчиња дениците се обидоа барем на кратко да им го разубават секојдневието на децата кои престојуваат таму. Во тоа помогнаа и  ученичките од ОМУ „…

Дек 18, 2015

Урбана опрема без дозвола урузпира јавен простор

Летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, на спојката помеѓу улиците Цар Самоил и Коста Абраш повеќе од година дена не работи, но урбаната опрема сеуште на истата локација. Овој факт недвосмислено го наметнува прашањето дали локалната самоуправа добива некаков надомест за поставената урбана опрема од сопственикот на истата со оглед на тоа што просторот е узурпиран иако објектот веќе не работи. Дрвената конструкција оградена со најлони служеше како летна тераса до пред околу две години за потребите на угостителскиот објект Де Лаго , кој пак беше сместен во поросториите на нек…

Дек 18, 2015

Училишната лектира главоболка за родителите

  Неколку библиотеки треба да посетиме за да ја обезбедиме лектира за нашите деца, а не ретко се случува и да ја нема и во училишната и во градската библиотека. На овој проблем укажаа родители кои сметаат дека наставниците не би требало во ист период лектирата да ја даваат на повеќе класови. Дел од нив вината ја гледаат и во нивните деца за кои сметаат дека се помалку неодговорни и во последен момент  ја бараат соодветната лектира. Телевизија ТВМ се обиде да открие дали постои проблем од ваков карактер и каде може да се бара одговорноста. Првиот човек на градската библиотека Александра Бел…

Дек 18, 2015

Петардите сеуште сериозна опасност за најмладите-СВР со превентивни акции

Живеј го животот без петарди, купи подарок-не петарди, петардите се нашите непријатели…Ова се само мал дел од многуте пораки кои денес ги испратија учениците од охридските основни училишта, како едно предупредување до своите врсници, но и до нивните родители за опасностите од злоупотребата на нелегалните пиротехнички средства. Тие рекоа дека научиле за страшните последици од употребата на петардите и токму затоа сакаат да испратат вакви силни пораки. “Ние за петардите научивме дека се многу опасни, можат да влијаат врз нашето тело, како повреди на рака, изгореници и скинати прсти.” “Да …

Дек 17, 2015

Светски кошаркарски имиња заедно со локалната ќе ја популаризираат кошарката во Охрид

Божидар Маљковиќ, Бора Џаковиќ, Раца Ѓеоргиевски, ова се дел од врвните светски кошаркарски имиња кои заедно со локалната ќе работат на популаризација на кошарката во градот. Денес тие остварија иницијална средба на која беше разговарано за неколку интересни идеи поврзани со кошарката, а со чија реализација пред се би добил градот Охрид но и кошарката во нашиот град. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека тие како институција, заедно со амбасадорката на Србија во Република Македонија се подготвени да бидат инволвирани и да ја помогнат секоја една иницијатива која произлегла од денешнат…

Дек 26, 2021

АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМЕНА НА ВОДОВОДНАТА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО ОУ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ ЛЕСКАЈЦА

Во тек се градежни активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца. Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција. Средствата во вкупен износ од околу 600 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. За наредната 2022 година во ова училиште се предвидуваат активности за промена на електричната инсталација, реконструкција на тоалетите, дренажа околу објектот на училиштето и изведба на енергетски ефикасна фасада. Сите овие активности придонесуваат за …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top