Пратениците во собранието ги изгласаа измените на Законот за додадена вредност, со што ДДВ-то за прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти.
ДДВ од 5 отсто ќе важи до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ ќе се накачи за пет проценти односно ќе изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно ќе се врати на досегашните 10 проценти.
Овие измени за граѓаните нема да донесат значително намалување на сметките за струја, затоа што додека од една страна се намалува ДДВ-т…
Предновогодишен ручек за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Музика, новогодишни пакетчиња и неодминливиот Дедо Мраз за најмладите. Локалната самоуправа и Црвениот крст од Охрид денес го организираа традиционалниот свечен ручек за социјално загрозените граѓани во обид да ја приближат празничната магија барем за момент до оние кои се во незавидна положба. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески обраќајќи се пред присутните порача дека посакува најдобри и подеднакви можности за живот и просперитет, без социјални класи, етнички расни или било какви други бариери. Додека о…
Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.-Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски.Министерот Тодоров рече дека изготвиле ана…
Министерството за транспорт и врски објави јавниот оглас за прибирање на идејни решенија за изградба на градската марина во Охрид. Во огласот, Министерството бара идејни решенија за двете можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски, кој воедно е член и на жири комисијата која ќе ги оценува идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот вели дека откако ќе бида…
Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ, центарот на сите празници, вели отец Оливер. Тој додаде дека Божикното славење е еден од најголемиот христијански празник и неговото славење според него било дводимензионално. „Едната димензија е славењето на Бога дека тој се роди како човек се роди за да ни каже дека сме негови дека не сака и с…
Со заеднички сили со Завод и Музеј ќе се санира опасното свлечиште помеѓу некогашното училиште Св. Сава и сегашното Св Климент, најавуваат од општина Охрид. Свлечиштето кое се појави на почетокот од оваа година, е опасно за учениците и минувачите на овој потег од Месокастро и Варош, се одолговчи заради испреплетените ингеренции на општината и Завод и Музеј. Сепак, според најавите на портпаролот на Фондот за комунални дејности Љупчо Танески ан свлечиштето ќе се интервенира на почетокот од 2016 година.„ Проектот е завршен од Завод и музеј и санацијата е влезена во буџетот за проблематични…
Во охридскиот Центар за јавно здравје се пријавени 15 -тина заболени од грип. Само мината недела биле регистрирани 8 заболени од обврската матичните лекари да пријавуваат грип до 40 недела од годината, информира епидемилогот Др.Јованка Стурлакова Коровешоска.„ Малата бројка на заболени се должи на големиот број вакцини со што има појака колективна имунизација. Оваа година се вакционирани 3000 лица од сезонски грип.Секако и помалото загдување на воздухот за разлика од Скопје, Битола, Тетово и Куманово има влијание на малиот број на заболени од грип“, напоменува Др.Стурлакова Коровешоска.Кон…
Промоција на турското кафе, повод за зближување на македонскиот и турскиот народ. Синоќа во просториите на центарот за култура „Григор Прличев“ Институтот „Јунус Емре“ од Скопје и Општина Охрид го организираа настанот „Промовирање на традиционално турско кафе” и проекција на турски филм. Директорот на Институтот Јонуз Емре, Мехмет Самсакчи, истакна дека главната причина за одржување настани од ваков карактер е да се воспостават пријателски односи помеѓу двете земји Македонија и Турција, како и понатамошна заложба, преку заеднички проекти да бидат промовирани вредностите од културата, у…