Охрид по четврти пат е домаќин на меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми „ Охрид- Водици 2016“. „ Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите” e главна тема на конференцијата .
„ Охрид низ целата своја историја бил средиште каде се преплетувале, цивилизациите и културите, при што секоја од нив оставила неизбришлив печат на своето време. Воден како од некоја невидлива рака, со поединечни историски проблесоци, нашиот народ успеал да сочува бројни артефакти за сите …
Младите активисти при ОО ЦК од „Клуб 25„ со флеш моб ги анимираа сограѓаните за утрешната крводарителна акција. Преку промоција на клубот кој има задача да ги мотивира младите луѓе и нивните активности се стави акцент на утрешната крводарителна акција „Водици 2016“, информира лидерот на клубот Васко Ѓорѓиевски. Во моментов клубот брои 27 млади членови од кои повеќето се крводарители.
„ Најчесто членовите се крводарители. Некои се со околу 7-8 крводарувања, некои се 18 годишници со околу 1-2 дарувања. Некои немаат дарувано ама сакаат да бидат крводарители и ќе се приклучат кога ќе можат…
Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид. Ова веќе е традиционална активност која се спроведува на 18ти јануари, ден спроти големиот христијански празник Богојавление- Водици. Пакетите содржат прехранбени производи и средства за лична хигиена кои се неопходни во секојдневното живеење.Со оваа хуманитарна акција ние само за миг им помагаме на граѓаните од ранливите категории. Сакаме и тие барем малку да ја почуствуваат топлината на празниците. Заедно со Црвен крст и понатаму ќе спроведуваме вакви акции во текот на целата година, вели градоначалникот Н…
Последни подготовки во пресет одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Во духот на празникот, веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. И годинава во пресрет на празникот, на 18ти јануари ќе бидат доделени 50 хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства во Охрид а кои се обезбедени од страна на општината а во соработка со Црвениот крст.
Вечерта пак, екипите на Црвен крст на платото помеѓу Капетанија и ресторанот Чун ќе вршат превентивни прегледи на сите верници кои сакаат да скокаат по светиот крст во вторник. На денот на Водици, …
Натпреварот траеше еден час и се одиграа две полувремиња по 30 минути. Тоа не беше доволно актерите на теренот да постигнат барем еден погодок и да покажат дел од своите квалитети. Тренерите на двете страни имаа можност да комбинираат и да тестираат формации и нови имиња.
Тиквеш го запиша првото реми во подготовките, а охриѓани го започнаа тест-периодот со нерешен резултат на домашен терен. Тиквеш подготовките во Охрид ќе ги заврши утре со нов контролен натпревар, а ривал ќе им биде Ренова. „Рибарите“ за една недела силите ќе ги одмерат со Работнички.
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот. „Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи, меѓутоа сепак има. Сега ние ќе гле…
Поројниот дожд кој од утринава го зафати Охрид поплави и блокира влез пред дуќан на ул. Туристичка . Честите поплави, во подруми, пред влезови на објекти после врнежливо време не се нешто ново во градов. На еден таков проблем укажа нашиот сограѓанин Ментор Цаноски, кој цели 7 години при врнежи од дожд и снег се соочува со истата мака. Вели дека надлежните треба да го решат проблемот, а доколку не преземат ништо тој во иднина ќе треба да набави рибарски чизми за да може муштериите да го посетат неговиот дуќан.„При секои врнежи на дожд и снег водата од олуците нема каде да оди се собира на ед…
И покрај потешкотиите со кои се соочуваат во бизнисот, охридските стопанственици се обидуваат да се одржат на пазарот. Славко Николовски од Млечаната индустрија „Лабрадор“за телевизија ТВМ открива дека во денешни услови не е лесно да се работи, треба голема одговорност, бидејќи се соочуваат со мал пазар а исклучително висока конкуренција и присуство на голем број на фирми кои се занимаваат со производство на млечни производи.
„Потешкотија е и неможноста на овој пазар, односно малата куповна моќ која што ја имаат граѓаните и се поголемото осиромашување на купувачите, и еден од факторите …