Охрид и Тиквеш одиграа без голови на контролниот натпревар

Пријателската средба меѓу Охрид и Тиквеш која денес се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ не донесе победник и голови.

 |   | 

Натпреварот траеше еден час и се одиграа две полувремиња по 30 минути. Тоа не беше доволно актерите на теренот да постигнат барем еден погодок и да покажат дел од своите квалитети. Тренерите на двете страни имаа можност да комбинираат и да тестираат формации и нови имиња. 

Тиквеш го запиша првото реми во подготовките, а охриѓани го започнаа тест-периодот со нерешен резултат на домашен терен. Тиквеш подготовките во Охрид ќе ги заврши утре со нов контролен натпревар, а ривал ќе им биде Ренова. „Рибарите“ за една недела силите ќе ги одмерат со Работнички.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top