Јан 26, 2016

Продолжуваат археолошките истражувања во Љубанишко поле и Самoиловата тврдина

Од Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј Охрид најавуваат продолжување на повеќе  започнати проекти кои  ресорното министерство финансиски ги поддржува во охридско – струшкиот регион. Одвоени се пари за конзервација на фрескоживопиот во црквите Богородица Захумска, Св. Ѓорѓи во Струга и Богородица Перивлепта,  Пред две години беа стопирани архeолошките истражувања на Самоиловата тврдина кои годинава продожуваат да се реализраат. „ Продолжуваме со археолошките истражувања  за да  се довршат внатрешните археолошки истражувања во еден дел од  Цитаделата кој остана недо…

Јул 19, 2021

10-то јубилејно издание „На зајдисонце” во Трпејца

Летото се очекува да го прогласи за отворено Ристе Николески, заменик градоначалник на Општина Охрид која е покровител на манифестацијата сите овие години. Манифестацијата по втор пат е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десет годишнината ќе биде прикажан и видео материјал под наслов „Ние на зајдисонце“. Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“. Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах проф. д- …

Јан 26, 2016

Се зголемува бројот на заболени од грип

Во Охрид расте бројот на заболени од грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека допочетокот на 2016та година бројот на заболени бил многу мал. Имало по 10 до 15 случаи неделно. Во текот на првата недела од оваа година биле регистрирани 45 нови случаи, а втората недела се зголемил на 69. Моментално бројката на заболени од грип кои се пријавени во центарот е 103.Се очекуваше вакво зголемување на бројот на заболени од грип  посебно тоа е карактеристично за јануари и, а посебно за февруари кога е шпицот на ова заболување. Посебен проблем преставуваат променливите временски услови. Високите т…

Јан 26, 2016

Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници“  е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на општина Охрид.  На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златари и менувачници од градот.  Средбата има превентивен и едукативен карактер а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби, разбојништ…

Јан 26, 2016

Утре нерботен ден за припадниците на српската заедница во РМ

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, среда 27-ми јануари 2016 година, се одбележува православниот празник „Свети Сава“.Овој празник е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Јан 26, 2016

Избор на членови на собранието на занаетчиската комора од Охрид

Собранието на Регионалната занаетчиска комора Охрид согласно чл.24 ст.5од Статутот на Регионалната занаетчиска комора Охрид распишува избори  за избор на членови на Собранието на Комората.Изборот на членови ќе се врши по Секции и тоа              На ден 26.01.2016год. (вторник )со почеток во 20 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржат следните СекцииСекција КозметичариСекција ФризериСекција бербериСекција кројачи ,шивачи и чевлариНа ден 28.01.2016 год.(четврток )со почеток во 20,00 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе одржат седница следните секции              -Секција на…

Јан 25, 2016

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица. Според нив овој проект е само уште еден обид на моќниците од ВМРО-ДПМНЕ, на неуставен и противправен начин да се стекнат со имот кој е во сопственост на РМ, на граѓаните или на МПЦ и тоа имот кој е дел од најатрактивните крајбрежни зони на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица. Изградбата на експресниот пат и ски центарот на Галичица се само параван зад кој се кријат лични интертеси на локални и државни моѓници кои имаат за цел да се изградат четирите најавени хотели кај автокампот Градиште, иако тоа земјиште е …

Јан 25, 2016

Кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села

  Кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава протоив него и уште тројца други.  За ова дело се товарат и Р.Х., раководител на секторот за урбанизам при општина Струга, Ѓ.Д., претседател на Комисијата за легализација на бесправно изградени објекти при Општина Струга и В.Л.А., директор на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура. Градоначалникот на општина Струга и одговорно лице во правно лице,  во 2…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top