Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници“  е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златари и менувачници“  е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на општина Охрид.
 
svrНа средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златари и менувачници од градот.  

Средбата има превентивен и едукативен карактер а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби, разбојништва и други казнени дела.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top