Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата. Градоначалникот Кирил Пецаков, кажа дека на негова иницијатива се организирани оваа и неколку средби претходно со сопствениците на имоти и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Сфатив дека има нејаснотии меѓу сопствениците и МЖСПП и оние кои ги предложуваат законските решенија. Увидов дека не се поклопуваат работите кои ги перцепираат сопствениците и законските решенија – истакна Пецаков.
Томе Ѓорески, претставник на мнозинството на граѓани сопственици на имоти во оваа зона, кажа дек…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(44) од Истамбул Република Турција. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена.СВР Охрид, имајќи сознанија за нелегално присуство на турски државјанин кој поседува турски и најверојатно фалсификувани бугарски документи со различен идентитет, на 27-ми минатиот месец изврши претрес во домот на пријавениот лоциран на улицата ,,Даме Груев“ во Охрид. Притоа, пронајдена е, и одземена една бугарска патна …
Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци.
Велгошка Река, позната како Сушица или Грашница во долниот тек, прима отпадни води од охридската индустриска зона, пестициди од прскање …
Охриѓани ќе добијат современи пешачки и велосипедски зони со цел да се заокружи целината заедно со новите кружни текови. Портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески вели дека вакви пешачки зони иако не било предвидено биле изградени и околу новите кружни текови. Со одлука на градоначалникот Бакрачески, ЈП Нискоградба ја добило задачата да ги изврши овие градежни активности. За да не постои разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки, Танески вели дека ќе се погрижат во проектот за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“.„Булеварот „Турис…
Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е невработена, а до пред пет д…
Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет.Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но конкретни податоци сеуште немаме. Во секој случај со…
Локалната самоуправа со соопштение реагираше на јавно изнесените ставови на еколошкото движење, нарекувајќи го „правно непозната и наводна невладина организација“. Охрид СОС вчера преку соопштение до јавноста ја обвини општината дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот, како и за прекршување на голем број закони, за што најави дека ќе бидат алармирани домашни и меѓународни институции и организации.
Според општината, пак, таквите обвинувања се лажни и сензационалистички, обвинувајќи поедин…
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичев-ски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.