Фев 3, 2016

Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси

Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сревисот на Локланата самоуправа поднесени се 529 барања на граѓаните. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ.Граѓаните треба да внимаваат. Само  оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, вели Џамтоски.Доколку и има некакви обиди за легализација на објекти кои се изградени…

Фев 3, 2016

Пуштена во употреба улицата „Сирма Војвода“

  Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, денес свечено ја пушти во употреба новата улица „Сирма Војвода“. Со тоа е решен еден долгогодишен горлив проблем на жителите на овој потег кој во зима газеа во кал до колена а на лето се давеа од прашина. Асфалтирана е површина од 1500 метри квадратни со квалитетен асфалт, со дебелина од 7 см  во должина од 250 метри и 6 метри ширина информираше првиот човек на градот Никола Бакрачески.„Остана да во наредниот период за не повеќе од еден до два месеци ќе биде поставено комплетно ново осветлување на оваа улица, она што досега воопшто не п…

Фев 3, 2016

Охридската полиција, даруваше крв

  Со дарување крв, охридската полиција повеќе се доближува до граѓаните. Денес вработените во СВР Охрид  и Регионалниот Центар Запад гранична полиција, даруваа крв во рамки на 4-те редовни годишни крводарителски акции кои се одржуваат во службените простории на секторот. Во денешната акција беа собрани околу 30 единици крв, информираше полицискиот гласноговорник Стефан Димоски. Додаде дека е задоволен од одзивот на неговите колеги.„Во однос на реализацијата на оваа акција можам да кажам дека во текот на изминатата 2015 година беа организирани три крводарителски акции. Во текот на оваа годи…

Фев 3, 2016

Охридската цреша стана новиот македонски бренд

Охридската цреша е новиот македонски бренд. Процедурата за заштита на географското потекло на уникатната цреша е во тек. Таа наскоро ќе застане рамо до рамо со повеќе македонски производи кои веќе се заштитени според потеклото, географската ознака или како гарантиран традиционален специјалитет.„Веќе се завршени сите формалности, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ кој е потврден од сите релевантни институции и сега само формално треба да се добие заверка од Министерството за земјоделство“, вели Ванчо Стојаноски-земјоделецСпоред законската регулатива, во земјава дефинирани…

Јул 19, 2021

„Соседска патрола“ на СВР во Охрид и Струга

Притоа, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско  подрачје, но и на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови младите најчесто се собираат и задржуваат. Целта на кампањата е родителите да видат каде нивните деца излегуваат, како и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните часови, какви се услов…

Фев 3, 2016

Куќата на Момирови годинава нема да се реконструира

На улица Илинденска, во близина на античкиот театар, е куќата на Момирови  во сопственост на НУ Завод и Музеј.  Забот на времето остава траги врз куќата на која видливо  се оштетени кровот и прозорите. Од ден на ден објектот добива изглед на  запоставена  и неискористена куќа. Во последниве две- три години се реализираат проекти со кои ресорното министерство обновува  фасади, кровови и статичко зајакнување на куќи во центаралното градско јадро. Oд НУ Завод и музеј имаат објаснување  зошто куќата  која е во нивна сопственост годинава не влегла во планот за реконструкција.„ И таа е влезена в…

Фев 3, 2016

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“ и „Прилепска“

Од јавното претпријатие МЈП Проаква Водовод Охрид информират дека денес ,среда, поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“ и  „Прилепска“, од 09.00 до 12.00 часот.Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Фев 2, 2016

Српскиот државјанин обвинет за убиство на Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства

Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства. Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите им овозможил уживање …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top