Јан 1, 2021

322 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (31.12.2020/01.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 322 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Јан 1, 2021

Една минута по полноќ во Македонија се роди машко бебе

Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар. Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете. Универзитетската клиника објави фотографии од тимот што дежураше на новогодишната ноќ и го донесе на свет првото бебе. Првата посета на првороденото ќе ја оствари министерот за здравство Венко Филипче во просториите на ЈЗУ У ГАК.

Дек 31, 2020

506 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (30-ти/31-vи декември) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со COVID-19.

Дек 31, 2020

Новогодишни пакетчиња во библиотеката „Григор Прличев“

ИТ компанија „Мусала Софт“донира новогодишни пакетчиња кои НУ Библиотека „Григор Прличев“ ги подели на ученици. Подароците секогаш се добредојдени,  бидејќи придонесувањето кон заедницата е една од вредностите на компанијата уште од самото основање. „Во пресрет на Новата година и Божик нашите пријатели од интернационалната ИТ компанија „Мусала Софт“ од Скопје ни донираа 20 пакетчиња за деца со идеја нашата  библиотеката „Григор Прличев“ да ги подари на ученици во училиштата во Охрид и околината. Ние како установа веќе го сторивме тои и израдуваме 20 деца – ученици од основните училишта: „Хр…

Дек 30, 2020

Охридскиот Историски архив ќе станува подостапен за јавноста

Регионалниот Историски архив во Охрид ќе станува подостапен за јавноста. Се подготвува нов концепт во работата кој ќе придонесе  за популаризација на значењето на архивот, информира в.д директорот Никола Митровиќ. „По завршување на пандемијата архивот ќе е отворен за граѓаните. Се подготвува изложбен салон. Покрај документите ќе се поставуваат во изложбениот простор поставки кои кој ќе се менуваат неделно, месечно од настан до настан и ќе се одбележуваат настани преку фотографии и сведоштва“. Годишно до 200 домашни и странски граѓани бараат дозвола за да истражуваат во депоата на архивот….

Дек 30, 2020

Советот на Општина Охрид задолжи Комисија да испита каква е состојбата на водоводот во Куратица

Се бара решение за жителите од селото Куратица за квалитетно водоснабдување од селскиот водовод. Градскиот Совет на вчерашната седница задолжи да се формира Комисија која ќе утврди во каква состојба се наоѓа изградениот месен водовод. Жителите се надеваат дека наскоро ќе се реши нивниот проблем и водоводот ќе го преземе и управува ЈП Водовод. Горан Ангелоски од МЗ појаснува во каква состојба е мрежата во селото.  „Има одличен резервоар од 150 метри кубни и помошен резервоар кој со помош на Германската амбасада го направивме со околу 40 метри кубни. Има 11 каптажи, еден крак од водоводот е …

Ное 19, 2021

Во Дебрца се чистат дивите депонии

Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта. На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли. Во изминатите неколку години неколкупати извршивме чистење на дивата депонија на влезот на село Волино, непосредно до распределителната градба на реката Сатеска. По последното чистење пред 2 месеци фирмата Гарден Центар и Расадник Розенталис на своја сметка изврши заградување на исчистениот простор. Деновиве, со помош на општинската механизација се изврши заградув…

Дек 30, 2020

При крај активностите за поставување на модуларната болница во Струга

Во соработка со Министерството за Здравство, Општата болница во Струга постави модуларен Ковид центар. Велешки „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ се фирмите што ги градат модуларните болници во 17 општини низ земјава со нешто помалку од 3 ипол милиони евра земени на заем од Светска банка . Според најавите монтажните болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга треба да бидат готови до крајот на годинава, една чини околу 200000 евра. Од општата болница Струга со апел до граѓаните, да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 и да останат безбедни.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top