Пет охридски семејства – жртви на компјутерски криминалитет. Станува збор за злоупотреба на лични податоци. Пред два дена, на каналот Youtube осамна видео со порнографска содржина каде биле вметнати слики од деца и возрасни. Сликите, засега непознатиот сторител, ги симнал од профилите на оштетените на социјалната мрежа фејсбук. Засегнатите родители велат дека претрпеле голем шок и дека се соочиле со многу непријатни моменти. Посебно реагираат за злоупотребата на децата, од кои најмалото е бебе на 9 месечна возраст. Поголемите деца овие два дена одбивале да одат на училиште, стравувајќи д…
Охрид има можности за развој на спелео туризам. НП „Галичица“ кој е распространет помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, овозможува формирање пештери. Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници со сунѓереста структура и голема порозност. Александар Булески спелеолог од клубот Ботом Тајм, вели дека низ светов постоеле многу пештери кои биле претворени во туристички спелеолошки локалитети. Тие обично биле хоризонтални, достапни, лесни за шетање, добро обезбедени, осветлени, а имало и вертикални за кои…
Семафорите на крстосницата на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала , повторно се во функција.Од Секторот за комуален развој, сообраќај и улици, апелираат дека поради близината на училиштето, треба да се почитува сообраќајната сигнализација и таа да се заштитува од вандалското уништување од страна на несовесните граѓани.
На работниот состанок помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и менаџерскиот тим на „AIR SERBIA“ што деновиве се одржа во Белград , Р. Србија на кој главна тема на дискусија беше воспоставување на авио линија Охрид – Белград се разгледаа можностите истата да стартува од почетокот на месец јуни до крајот на октомври оваа година. На работниот состанок беа разгледани сите модели коишто се во интерес на двете страни.Притоа беше заклучено дека воспоставувањето на авио линијата Охрид – Белград за нас е значајна од два аспекти. Од една странa оваа авио линија ќе биде во интерес на …
Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението.
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во св…
144 животи во текот на минатата година во РМ згасна како последица на сообраќајни незгоди. Оваа бројка и тоа како загрижува затоа граѓаните, посебно помладата популација треба да се едуцираат што е тоа сообраќајна култура и без исклучок да ги почитуваат поставените знаци. Игор Иџе Стефаноски, наш двократен европски првак во автомобилизам заедно со својот тим денес беше дел од караванот во Охрид посветен на безбедноста во сообраќајот. Тој на учениците кои беа присутни во СРЦ „Билјанини извори“ им се обрати укажувајќи им колку е важно да бидат совесни возачи, но и пешаци.Сакам да им кажам…
Куќата на Робевци еден од најрепрезентативните објекти на староградска архитектура во Охрид, ентериерно ќе се реновира. Како што обелодена првиот човек на НУ „Завод и Музеј“, Охрид, Тања Паскали Бунташеска, реновирање не било направено уште откако е отворен овој објект, единствено реновирана била Златната соба. „Ќе има измени во поставките, значи најдолниот дел приземјето, повторно ќе функционира како лапидариумски простор со тоа што ќе биде реализиран неопходен санитарен јазол во приземјето, ќе биде направен нов пулт за продажба и за промоција на материјал за продажба, на првиот спрат ќ…
Кабаретски спектакл секоја недела во Охрид. ЦК „Григор Прличев“ во соработка со дел од актерската екипа на охридскиот Народен театар промовираа новина која за прв пат се случува на овие простори, но и пошироко. Станува збор за проектот ИмпроВокација, серијал на една нова форма театарски импровизации со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.„Нешто што секогаш е различно, практично секое нивно излегување на сцената е нова премиера. Се работи за одредена интеракција помеѓу актерите и публиката, не е ништо веќе смислено, туку практично целата приказна е отворена. И …