Мар 3, 2016

Се осветлуваат кружните текови

  Се изведуваат финалните работи на кружниот тек на бул „Туристичка“ на пресек со ул „Македонски Просветители“. После хортикултурното уредување се работи на естетско но и засилување на функционалното осветлување на просторот. Во моментов помалиот и поголемиот кружен тек се осветлуваат со нови илуминации во јадрата на централните кругови, но подоцна во рамки на постоечките електрични столбови ќе биде поставено дополнително улично светло информира, портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески. „Ќе бидат поставени 9 електрични светилки со моќност од 50 вати и…

Јул 21, 2021

Државните инспекторати за животна средина да ја подобрат транспарентноста кон јавноста

Направена е анализа врз транспаретноста и отчетноста на инспекторатите со надлежности во  животната средина. Центарот за еколошка демократија  Флорозон во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сè“ анкетирале 4 инспекторати со надлежности врз животната средина и човековото здравје. Анализата  се однесува на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за техничка инспекција. Генералниот заклучок е дека  Државните инспекторати го почитуваат само …

Мар 3, 2016

Ќе се интензивираат работите околу изградбата на затворениот базен

  На локалитетот каде што за три години треба да никне затворениот пливачки базен во Охрид, се изведуваат подготвителни работи, дел од земјените работи, а се работи и на подготовка на бетонските работи за темелната конструкција. Како што информираа од Агенцијата за млади и спорт, оваа фаза на градба била многу сложена и требало да се изведе со многу внимание, со оглед на тоа што се работи за изградба на капителен објект каков што досега се нема изградено последниве 35 години. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека уште при проектирањето на објектот биле извршени геомеханички истражни р…

Мар 3, 2016

Охриѓани несебично даваат поддршка за малиот Кирил

  Охрид деновиве живее во духот на хуманоста, солидарноста и општите човекови вредности.  Ова синоќа го изјави првиот човекна градот Никола Бакрачески непосредно пред одржувањето на хуманитарниот концерт посветен на Кирил Митрески, на кој присуствуваше градоначалникот, заедно со директорите на јавните претпријатија. „Се надевам дека на овој концерт и наредните неколку денови на хуманитарните активности кои што ќе бидат организирани со овој повод граѓаните масовно ќе ја дадат својата поддршка за ваква една хумана активност. Така да ја користам оваа прилика да упатам апел до сите граѓани…

Мар 3, 2016

СВР Охрид за малиот Кирил

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. Посакувајќи нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство, здрав и среќен живот, полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата хуманост ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства за лекување како и со донирање преку мобилн…

Мар 3, 2016

Поради минирање, прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денес 3-ти март 2016 година ќе има прекин на сообраќајот.Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Мар 2, 2016

Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта

Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари од буџетот за кои не знаеме за што точ…

Мар 2, 2016

Фатени романски државјани кои украле накит од охридска златара

  Романци краделе злато во Охрид. Истите се откриени и приведени на граничниот премин Табановце вчера околу 20 часот, откако се обиделе да ја напуштат нашата земја. Четворицата државјани на Романија биле барани за извршена кражба на златни предмети од охридската златара „ГОЛД“. Станува збор за лицата М.Ц. и Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67). При преглед кај Л.А. пронајдени биле три златни ланчиња, додека пак при претрес на нивното патничко возило марка „Форд“, со германска регистерска ознака бил пронајден и останатиот накит. „Нивното приведување е поврзано со тешката кражба извршена во Охр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top