Јан 5, 2021

Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април

Премиерот Заев порача дека нема отстапувања од плановите за попис, а опозицијата ако сака нов попис – тоа може да го направи по 10 години. Македонски граѓани кои живеат надвор од државата повеќе од една година ќе бидат попишани како нерезиденти. Ова важи и за граѓани со бугарско државјанство и за дијаспората од други етникуми од Македонија кои живеат во Европа, Америка и на другите континенти. Пописот во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. „Пописот е обврска и треба д…

Јан 5, 2021

292 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 292 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Јан 5, 2021

Денес се слави споменот на Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј. За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат оскудни податоци. Иа…

Ное 19, 2021

Дали Јавното обвинителство во Охрид правилно ги квалификува кривичните дела?

Првичната пресуда од Основниот суд Охрид, со која обвинетиот за сообраќајката која се случи минатата година кај хотелот Инекс е осуден на условна казна од 4 години и 3000 евра парична казна, на површина ја извади неуедначената судска пракса во државава, по однос на казнувањето за кривично дело за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според податоците од истражувањето спроведено од страна на коалицијата „Сите за правично судење“, направено врз стотина јавно достапни пресуди, во 50% изречени се затворски казни, додека другите 50% се условни или ослободителн…

Јан 4, 2021

Наставниците од основни училишта имаат можност да напредуваат во звање „ментор“ и „советник“

Во тек е првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ и „советник“. Тоа  подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест за наставниците како дел од личниот доход од работниот ангажман. „Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем, и има за цел да влијае на личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителска…

Јан 4, 2021

Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во текот на деновите од викендот и Новогодишната ноќ направиле инспекциски надзор врз хотелските објекти в долж охридското крајбрежје, информира Цветко Ристески ракодител на Поддрачното одделение на ДПИ. Во текот на изминатите 4 дена инспекторите направиле 187 контроли . Ристески додава дека при тоа инспекторите констатирале дека се почитуваат протоколите и Законот за заштита на населението од заразни болести. „Ги контролиравме хотелите. Скоро половина од хотелските капацитети не работеа за новогодишната ноќ и викендот потоа. Оние што работеа п…

Јан 4, 2021

Лилјана Пандева – добитник на престижната награда „Григор Прличев“

Лилјана Пандева – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2020 година „Капетаните“ под шифра „Мисија“. Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село Струмица. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенски книжевности и македонски јазик. Доктор е на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцеларсики колумни“, „Класифицирано“, романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „…

Јан 4, 2021

439 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (3-ти/4-ти јануари) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со COVID-19.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top