• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Наставниците од основни училишта имаат можност да напредуваат во звање „ментор“ и „советник“

Наставниците од основни училишта имаат можност да напредуваат во звање „ментор“ и „советник“

Ова право произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. Целта е  да се влијае на личната мотивација на наставниците за придонес во  подигнување на дигнитетот на просветната дејност.

 |  Валентина Неловска  | 

Во тек е првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ и „советник“. Тоа  подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест за наставниците како дел од личниот доход од работниот ангажман.

„Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем, и има за цел да влијае на личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност“, велат од Министерството за образование и наука.

Јавниот повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање. Според јавниот повик за општина Охрид за секое основно училиште е предвидено по еден наставник или вкупно 9 наставници, а за општина Струга 11 наставници. Меѓу критериумите е наставникот да има најмалку седум години работно искуство.
Крајниот рок за аплицирање е 21 јануари 2021 година, а резултатите од повикот ќе бидат објавени најдоцна до 10 февруари 2021 година. Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top