„Спорт за сите-сите за спорт“- ова е името под кое пет охридски спортски клубови се обединија како би работеле на заживување и подигнување на спортската култура во градов. Подигнување на свеста за практикување на спорт и здрави спортски навики, развој и промоција на спортот во градов и земјава, развој на меѓуградската и меѓународната спортска соработка, промоција на идејата за олимпизмот, образовната и воспитната функција на спортот. Ова се само дел од целите на чија реализација Асоцијацијата на спортови од Охрид ќе работи во наредниов период. Велат дека нивните врати се отворени за сите за…
Силен ветар го зафати Охрид и охридско утрово. Во делови од градот летаа ќерамиди, рекламни паноа, се искршија и многу гранки, а паднаа и бандери. Атанас Ковачески , портпаролот на ЕВН Македонија информира дека силниот ветар направил одредени проблеми во напојувањето со елктрична енергија во Охрид, околината и Дебрца. Од силината на ветерот биле откорнати неколку бандери и се скинале проводници на електричната енергија.
Екипите на ЕВН на терен ги санирале настанатите проблеми, а доколку повторно има потреба ќе се вклучат во отстранување на пријавените проблеми. Од охридската метеролошка …
Судската администрација од Основниот суд Охрид се приклучи кон штрајот на колегите од земјата. Тие бараат измена на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници за 35 проценти, исплата на ветените 5 проценти за 2015 , враќање на работното време од 7.30 мин до 15.30 мин, информира Борче Мирчески, претседател на Здружението на судска администарција на РМ.
„ Од денес судската администарција до петок во сите судови штрајкува. Денес и утре штрајкот ќе биде во судовите , а во петок ќе биде со протест во Скопје,ќе почне пред парламентот, министерството за правда, м…
Извештаите од УНЕСКО недостапни за советниците, реагира Дејан Блажески од ЛДП. Тој со низа забелешки за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2015та год. Блажески посочи дека поради несоодветниот начин на презентација на извештаите кои треба да бидат преведени и доставени до советот на општината многупати истите се погрешно толкувани и од советниците и од медиумите. Тој рече дека секторот кој е задолжен за нив треба со официјален преведувач да ги обработи и да ги достави препораките од УНЕСЕКО до советниците кои се градски избраници. Комисии од У…
Нема градежни зафати околу санирање на опасното свлечиштето кое го нагризува патот кој води до хотелот Далјан и Извидничкиот центар, Охрид. Пред платото на хотелот единствено што може да се забележи е тоа што на сред пат истоварен е камен, кој најверојатно треба да послужи за санација на ова критично место. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици убедуваат дека на тоа место се отпочнало со некакви градежни активности, но поради временските услови и високиот водостој на реката Далјан истите се стопирани. Како што пренесе портпаролот Љупчо Танески, ќе се чека да се намали водос…
Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција.
Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец регираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид.
60 оброци зготвени од врвни кулинарски мајстори од Македонија и 40 десерти од слаткарницата Анабела денес ќе добијат социјално загрозените семејства кои се хранат во народната кујна во Охрид. Ова е дел од акцијата Готвачите и хуманоста која ја организираат маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.Целта на денешната акција е да готвиме со љубов и хумана димензија и да им помогниме барем за миг на оние на кои тоа им е најпотребно, рече Адријана Алачки водителката на емисијата Вкусот на традицијата.Повеќе познати готвачи од Македонија подготвуваа различни специјалитети кои беа намен…
Водата во градскиот водовод во Охрид е квалитетна за пиење, ддоека во руралните средини водата за пиење е со променлив квалитет, вели Сашо Точков , броматолог, специјалист по санитарна хемија. Тоа се должи на недостаток од дезинфекциони средства проблем присутен подолго време па водата микробиолошки и бактериолошки е загадена.
Нашиот град и држвата не може да се пофалат со висока свест кон водните ресурси со кои располагаме. Додава дека граѓаните и институциите сеуште имаат ниска свест за значењето на езерото како басен со квалитетна вода за пиење. Мал е бројот на граѓаните и инст…