Апр 13, 2016

„Живеј здраво – Живеј безбедно“ проект за враќање на духот на детските игри

Денес детскиот џагор го исполни градскиот парк на „Кејот Македонија“.  Учениците од сите основни училишта од Охрид екипно групирани се натпреваруваа во повеќе тимски игри, сијамски близнаци, итрата лисица, жонглирање, петлица, вешт келнер и влечење јаже.  Согласно развојната програма за образование и годинава општина Охрид во соработка со СВР, Црвен Крст, Извиднички одред „Пионер“ , го реализираа проектот „Живеј здраво – Живеј безбедно“. Заменик градоначалникот Ангел Јанев вели дека за пороците како што се алкохолот, дрогата и цигарите постојано се зборува, се одржуваат едукативни работилни…

Јул 25, 2021

Во Охрид приведен Скопјанец баран со потерница

На 24-ти јули 2021 година, во 21:00 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 31-годишниот А.В. од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод во казнено-поправната установа Затвор Скопје – информираат од МВР. 

Апр 13, 2016

Жителите од МЗ „15 Корпус“ и „Гоце Делчев“ си ги кажаа проблемите пред надлежните

  Жителите од двете урбани заедници 15-ТИ Корпус и Гоце Делчев на денешната закажана средба наместо градоначалникот кој беше отсутен поради оправдани причини,  ги сослуша  секретарот Димитар Спасески. Скертарот и  директорите на Јавните  претпријатија и претставниците  на стручните служби од прва рака ги сослушаа инфраструктурните проблеми на жителите. Претседателите на урбаните заедници на Гоце Делчев, Славчо Донев и  Дејан Анѓелески од 15 -ти Корпус,   ги изнесоа дел од проблемите кои очекуваат да им ги реши локалната самоуправа . „Благодарни сме на досегашната  соработка со гардоначла…

Апр 13, 2016

Со искуства од Естонија ќе се намалува стапката на невработеност

  150 невработени  лица од градов ќе се советуваат како да ги зајакнат вештините за да можат да си најдат вработување Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во соработка со НВО Советодавен Центар од Естонија и НВО Еднаков Пристап го започнаа проектот „Зголемување на понудата на квалификувана работна сила меѓу ризични групи на пазарот на трудот“. Целта на проектот е зголемена вклученост на лицата кои се во најслаба позиција на пазарот на трудот преку зајакнување на вработливоста на социјално исклучените лица. ЗА то че се користат искуствата од Естонија.Естонија…

Апр 13, 2016

Охрид нема Програма за поставување на времени објекти

Програмата за поставување на времени објекти која требаше уште пред скоро 2 години  да ја изготви ЛС не е готова. Томе Џамтоски , портпаролот на општина Охрид информира дека таа е на разгледување во Министерството за транспорст и врски. „Не се 2 години туку 1 година и  3 месеци и се испреплетени повеќе интереси. Но, ЛС треба да работи според Законот и во интерес на граѓаните , па според тоа конечно програмата за поставување на времени објекти е завршена и по втор пат е доставена во МТВ  со одредени забелешки. Се надеваме наксоро ќе имаме позитивен одговор на програмата за цела територија на…

Апр 12, 2016

Мал број на охридски ученици се занимаваат активно со спорт

Третоодделенците од Христо Узунов денес  имаа спортски ден. Со нивните наставници беа во посета на спортските терени и охридски клубови.  Марија , Мина и Кристијан се ученици во ова оснвно училиште и се дел од основците кои се дружат со спортот. Тие во своето слободно време надвор од училишните  обврски  практикуваат спортски активности.„Марија веќе една година тренира карате. ма  жолт појас и вели дека и е добро и интерсно во овој спорт.  Мина пак тренира тенис . И таа се чувстува  убаво додека  спортува иако признава дека е помалку  уморна ког адоѓа дома ама и интересно. Нивниот школски д…

Апр 12, 2016

Нови мопеди за охридските поштари

  Нови мопеди за побрза и поквалитетна достава на пратките. Македонски пошти набави 120 мопеди наменети за достава на поштенски пратки. Мопедите се со препознатлива жолта боја со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми. Охридската подружница најверојатно ќе добие околу десеттина, открива првиот човек Сејфула Хани. Целта е задоволни корисници а со тоа и успешна компанија, додава тој. Хани нагласи дека овој чекор на Македонски пошти посебно ќе ги израдува разнесувачите на пошта во руралните …

Апр 12, 2016

Фантомски гласачи има и на улицата Марко Нестороски во Охрид

На  улицата Марко Нестороски бр. 28 каде што живее охридската советничка од редовите на СДСМ , Жаклина Лазреска, има непознат гласач.  Од 2013 година  на нивната адреса гласа лицето Даниел Богдан, роден 1991 година,  кое Лазареска  и нејзиното семејство  не го познаваат, а  според избирачкиот список ова лице е евидентирано на  нивната адреса. И 8 непознати други лица  гласаат на ова улица  кај нејзините соседи. Лазареска тврди дека  од 2013 се до сега се обидела да пријави до надлежните институции тоа лице да биде избришано од нејзината адреса на живеење , но до ден денес тој обид останал…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top