Во Охрид приведен Скопјанец баран со потерница

На Кеј Македонија во Охрид синоќа е приведено лице од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци.

 |   | 

На 24-ти јули 2021 година, во 21:00 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 31-годишниот А.В. од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод во казнено-поправната установа Затвор Скопје – информираат од МВР. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top