На 25.07.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца, помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и патничко моторно возило „тојота корола” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.
На местото на незгодата починал Г.Р., додека со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., неговиот сопатник С.Б.(62) од Охрид и шестгодишно дете, сопатник во патничкото моторно возило „фолксваген голф…
Охрид за време на викендов полн со гости како на лето. Во градов веќе се чуствува присуството на странски, но и на домашни гости. Преполните летни тераси и посетеноста на културно историските споменици им дава за право на туристичките работници да кажат дека сезоната полека, но сигурно започнува. Сите интензивно се подготвуваат за првомајските и велигденските празници, кои веќе години наназад се вовед во главната летна туристичка сезона. Хотелските капацитети во градов се речиси полни. Во хотелите Метропол и Белви засега исполнетоста е околу 80%. Најмногу има интерес на гости од Бугарија и …
Единствениот мобилен тоалет, за кој нема информации кој го поставил, по се изгледа е поставен само про форма, а не и заради суштината на неговата функција. На кејот, во близина на хотел Палас, во паркот е поставен мобилен тоалет, но тој не работи. Често пати туристите кои имаат потреба остануваат разочарани бидејќи истиот не работи.
Од општинските служби добивме одговор дека општината нема програма за поставување и одржување на јавни тоалети. Од општинскиот инспекторат напоменаа дека издале налог овој тоалет веднаш да се одстрани.
За жал, градот досега не изнајде трајно решение за …
Граѓанската некултура на поединци е видлива и по преполнетите улични сливници со најразличен отпад. Службите на ЈП Нискоградба скоро секојдневно се справуваат со расчистување на најразновиден отпад кој не завршува само во градската канализација туку и во сливниците за одведување на атмосферска вода, напоменува портпаролот на општината Томе Џамтоски.
„ Претпоставувам дека најмногу треба да се чистат од паднати лисја , но за жал не е секогаш така.Во сливниците се наоѓаат најразлични отпадоци и смет на кој местото не им е тука, а треба да се одлага во контејнерите,“ укажува портпаролот на…
Бележењето на хоризонталната патна сигнализација на новиот кружен тек на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и „Македонски просветители“ причина за нервозни возачи, затворање на една од лентите за сообраќање и реакции од граѓаните.
Големината пак на зафатите за обележување на хоризонталната патна сигнализација од страна на АД Илинден од Струга, кои според договорот за изградба на кружните текови ја носат и обврската за нивно соодветно обележување, според Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици е причина зошто се случува понекогаш тоа бележење да трае и до попл…
По повод одбележување на Неделата на солидарност од 18 – 24 април 2016 год. под мотото Вашиот прилог значајна помош, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.
Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат свој…
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува охридската јавност дека започнаа градежните активности околу реализацијата на проектот, изградба на тениски игралишта во склоп на СРЦ Билјанини Извори.
Проектот е во реализација на Агенцијата за млади и спорт и тој предвидува изградба на 100 тениски терени ( 20 единечни и 40 двојни ) низ територијата на Република Македонија.
Охрид и Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори се дел од плановите на Агенцијата за млади и спорт така што за неколку месеци Охрид и Спортскиот центар ќе добијат најсовремени тениски терени (еден единечен и еден двоен) на зад…
Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Пензиите, како што посочуваат, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2021 година (понеделник); за пензии со висина 11.001-1…