Сообраќај: Бележењето на кружните трае подолго поради обемноста на зафатите

Во моментот се работи на повторно обележување на кружната крстосница на пресекот помеѓу “Туристичка” и “Македонски просветители”, а наскоро ќе се бележи и новата кружна крстосница помеѓу “Туристичка” и улицата “Абас Емин”.

 |  Мишел Наумоски  | 
kruzni tekovi

Бележењето на хоризонталната патна сигнализација на новиот кружен тек на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и „Македонски просветители“ причина за нервозни возачи, затворање на една од лентите за сообраќање и реакции од граѓаните.

ilinden belezenjeГолемината пак на зафатите за обележување на хоризонталната патна сигнализација од страна на АД Илинден од Струга, кои според договорот за изградба на кружните текови ја носат и обврската за нивно соодветно обележување, според Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици е причина зошто се случува понекогаш тоа бележење да трае и до попладневните часови. Танески потенцираше дека во изминатите две-три години воспоставиле пракса ваквите бележења да се прават во доцните вечерни или раните утрински часови.

„Размислувавме и во таа насока во одделението за сообраќај, меѓутоа мислам дека го најдовме вистинскиот модус за решавање на овој би рекол помал проблем на охриѓани и сите учесници во сообраќајот. Меѓутоа имајќи предвид дека станува збор за големи крстосници кои што се бележат иако се започнува со бележење независно која е компанијата која го прави бележењето, компанијата започнува со бележење во раните утрински часови но сепак некаде до попладне трае бележењето имајќи предвид дека станува збор за обемна хоризонтална патна сигнализација, посебно на кружните крстосници, бидејќи се тоа кружни крстосници кои што спојуваат четири улици, треба да се обележи хоризонтална патна сигнализација за возилата, за сите учесници во сообраќајот соодветно.“-вели Љупчо Танески-Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици.

Танески информира дека во моментот работат на обележување на хоризонталната патна сигнализација на кружниот тек на пресекот помеѓу булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“. Ова бележење доаѓа само два-три месеци после првичното бележење извршено од АД Илинден од Струга кои ги градат кружните текови. Квалитетот на употребената боја според Танески не е причината за краткото временско растојание помеѓу овие две бележења на истата локација.

„Квалитетот на материјалите, односно квалитетот на бојата којашто беше користена за оваа намена на крстосницата на пресекот на „Туристичка“ со „Македонски просветители“, беше од неспорен квалитет, меѓутоа кажав и напоменав дека временските услови за време на бележењето и временските услови непосредно по новогодишните и божиќните празници придонесоа да се намали квалитетот веднаш по обележувањето па токму затоа во договор со нив, ние од одделението за сообраќај издадовме повторно налог за второ бележење на овој потег се со цел да се постигне оној посакуван квалитет на бојата за соодветната хоризонтална патна сигнализација.“-рече тој.

Танески информираше дека веќе работат и на спецификацијата и издавањето на налогот за бележење и на кружната крстосница на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“, непосредно до градскиот пазар. Танески додава дека откако ќе бидат целосно завршени поединечните проекти за изградба на кружните текови на сите предвидени локации, бележењето, како и освежувањето на хоризонталната патна сигнализација ќе стане обврска на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top