На кејот е поставен мобилен тоалет, но не работи

На кејот поставен мобилен тоалет, но не работи.

 |  Валентина Неловска  | 
toalet

Единствениот мобилен тоалет, за кој нема информации кој го поставил, по се изгледа е поставен само про форма, а не и заради суштината на неговата функција. На кејот, во близина на хотел Палас, во паркот е поставен мобилен тоалет, но тој не работи. Често пати туристите кои имаат потреба остануваат разочарани бидејќи истиот не работи.

toalet

Од  општинските служби добивме одговор дека општината нема програма за поставување  и  одржување на јавни тоалети. Од општинскиот инспекторат напоменаа дека издале налог овој тоалет веднаш да се одстрани.

За жал, градот досега  не изнајде трајно  решение за поставување на јавни тоалети  во македонскиот туристички центар.  Некои ветувања и најави за решавање на проблемот со јавни тоалети има од  Југозападниот плански регон. Дотогаш останува да се чека на решавање на овој важен комунален проблем на кој веќе подолго време посочуваат туристичките работници. 

 

toalet

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top