Апр 22, 2016

Новата градинка во Пештани не ги исполни првичните очекувања

  Новата градинка во Пештани која беше отворена пред два месеци во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“, не ги исполни првичните очекувања. Според анкетата која беше направена во оваа дисперзирана група на градинката „Јасна Ристеска“ требаше да бидат запишани  25 дечиња, а сега има само 12. Нормативите за успешно работење на една група се од 15 до 20 деца. Причина за тоа што долго време се чекаше за да се отвори оваа група па многу деца кои беа на возраст од  пет до шест години сега не се запишаа бидејќи од наесен ќе започнат да одат на училиште. Еден дел од родителите кои беа заинтересирни за …

Апр 22, 2016

Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош

  Нестабилното време, температурните разлики, односно покачувањето на температурите над просекот за овој период од годината, има сериозно влијание врз здравјето на луѓето. Тоа го потврдуваат и охридските лекари кои последниве два месеци кажуваат дека имаат полни раце работа. Притисок, срце, главоболка, премаленост се најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните поради разликата во температурите нагласува д-р Горан Симјаноски, раководителот на итната медицинска помош. „Во последниот период бројот на повиците кои што се однесуваат за мозочни инциденти е зголемен за 70 до 80% во нашата служ…

Апр 21, 2016

Охриѓани со десетици автобуси и комбиња на протест во Скопје

Охриѓани попладнево организирано тргнаа за Скопје. 10 автобуси и десеттина комбиња им беа на располагање паркирани на булевар Туристичка наспроти гимназијата. За вечерва во Скопје се најавени два протести. Еден на неформалното граѓанско движење протестирам и друг во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Никој од нашите согрaѓани кои во голем број заминаа организирано за Скопје не беше расположен за разговор. Не сакаа да одговараат на прашања за тоа која е нивната цел, што поддржуваат, кој е организатор, ниту  како дознале за организираниот превоз. Помеѓу граѓаните бе…

Апр 21, 2016

Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник

Во охридскиот расадник, кој работи во рамките на ЈП Комуналец се одгледуваат лисно и цветно декоративни садници. На површина од  2 хектари  под пластеници и под стакло се произведува сезонско цвеќе. За засадување и одржување на хортикултурните површини се грижат околку 25 работници. За хортикултурно уредување на јавните површини во парковите, но и за продажба за приватни дворови и градини се одгледуваат различни видови на сезонско цвеќе, информира Трајче Љатков  од ЈП Комуналец.   „ Најмногу сме определени за цвеќе од хибридно семе кое се покажа најсоодветно на временските  услови во Охрид…

Фев 24, 2022

Се расчистува речното корито на Сушица и околината

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на р.Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото. Се расчистува потегот од пресекот со ул. „Живко Чинго” до пресекот со ул. „Железничка”. Со оваа активност ќе се спречи сиот овој отпад да заврши во водите од Охридско Езеро, а се надеваме дека загадувачите ќе бидат санкционирани – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Апр 21, 2016

Се прошири семејството на асоцијацијата „Сите за спорт-спорт за сите

Денес се прошири семејството на спортски работници во асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“. Нови нејзини членови се текводо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, здружението за велосипедизам, планинарење и еко култура „З`ш авантура“ како и луѓето од студио „Кинезио“ кои работат со корективна гимнастика. Жанко Голабоски, претседател на „З`ш авантура“ вели дека очигледна е потребата од подигнување на свеста кај сите граѓани за значењето на спортот. „Да избегаат малку од дома од пред телевизор, од пред лаптоп и од пред компјутер. Јас секогаш кога ги повикувам луѓето на некое пл…

Јул 26, 2021

Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Конески

Синоќа во Трпејца во рамките на десеттото издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“ со омаж беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески. Со избор од поезија од Конески и други светски автори настапија: актерката Марија Кондовска, младиот Симон Јаковлев – Писин и музичарот Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер). Поетската вечер под отвореното ѕвездено небо беше збогатена со видео презентација за животот и творештвото на Конески изработена од страна на Милчо Јованоски, вработен во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, а беше емитувано и негово кусо ин…

Апр 21, 2016

Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија во Охрид.

Охрид по седми пат од 17 до 24 април е домаќин на Меѓународна ликовна колонија  во организација  на Националниот  сојуз  на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија. Софка Прчева, Генерален секретар на Мобилност, информира дека на ликовната  колонија годинава зеле учество 27 сликари од повеќе Балкански земји.  Интересот за учество на колонија е голем и од здруженијата на лицата со телесен инвалидитет, но и од академските сликари, но ние се трудиме постојано да има нови учесници, подвлекува Прчева. „Учествуваат лица со телесен инвалидитет, талентирани за сликање и  ументост и  сликар…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top