Однесувањето на учесниците во сообраќајни незгоди, пропусти од увидните екипи, договарање на своја рака помеѓу учесниците во незгодата, поместување на возилата. Ова се само дел од сериозните потешкотии со кои се соочуваат судските вештаци чија што основна цел е изведување на максимално точни вештачења како полесно и поквалитетно би се решиле судските спорови во случај на сообраќајна незгода. Ова, според директорот на Бирото за судски вештачења, Дени Ѓорчевски ќе значи намалување на трошоците и на осигурителните компании, и на лицата инволвирани во судските спорови.
“Ако квалитетно се прибе…
Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички во 5-тата рунда од плејофот во Супер лигата. После поразите со Макс Струмица и Прилеп ова ќе биде можност нашите ракометари да си ја вратат самодовербата и да се закитат со победа освојувајќи го првиот бод во плејофот. После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што знаеме. Им обеќавме на нав…
СВР Охрид денес го одбележа Денот на полицијата и денот на безбедноста, 7 ми Мај. Свеченоста се оджа во нивните простории во присуство на ученици, претставници на Локалната самоуправа, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, соработници. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека имаат добра соработка со СВР Охрид, посебно во делот за превенцијата за најмладите.
„Се надевам дека оваа соработка и во периодот што следи ќе продолжи и ќе се прошири се разбира на задоволство на сите нас, бидејќи на почетокот и на крајот од секоја приказна …сепак сите ние …
Директорка на ООУ „Св. Климент Охридски“-Охрид, Наташа Танеска, денеска на прес конференција кажа дека просветните инспектори не утврдиле неправилности во нејзиното работење. Танеска која воедно е и Претседателката на форум на жени на ОО СДСМ Охри обвини дека новата локална власт врши притисок врз директорите на основните и средните училишта.
По направен вонреден инспекциски надзор од Државен просветен инспекторат во ООУ „Св Климент Охридски “ Охрид, не се најдени никакви нерегуларности во работењето на раководниот орган односно директорот – кажа Танеска.
Таа потенцира дека наводи…
Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.Добивме одобрение од општината дека може да се гради. Темелите се веќе поставени , во тек објавувањето на тендерите за најдобар понудувач. До 22 септемв…
Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (ч…
Почна големата акција на рсчистување на НП „Галичица“ во должина од 13 км, пред големиот Балкански самит „Adventure next balkans“. Голем број активисти, вљубеници во природата, како и учениците од ОУ „Христо Узунов“ излегоа да ја поддржат оваа акција бидејќи како што и самите кажаа балканскит бисер во пресрет на летната туристичка сезона треба да биде беспрекорно чист.
„Овде сме за да ја исчистиме „Галичица“, на местата каде што очекуваме туристи, тоа е нашата професионална мотивација, мислиме дека овие дестинации мора да бидат чисти, за да може да ги продаваме. Мојата лична мотивација …
Еден и пол милиони луѓе живеат и зависат реката Црн Дрим. Затоа треба да се работи на подигнување на јавната свест на локалните заедница за значението на овој природен ресурс како потенцијал за хидро енергија, риболов и останато. Вчера во срцето на реката Црн Дрим, нејзините извори на познатото Острово во Св Наум, активистите на ЕД „Грашница“ организираа целодневен настан за одбележување на 5 ти мај денот на реката Црн Дрим. Како што истакна Ѓоко Зороски целта е да се укаже на сите трендови кои се однесуваат на загадувањето на Охридското Езеро и Црниот Дрим и влијанието на неколку сектор…