Мај 9, 2016

Охриѓани синоќа уживаа во вистинска „Фолклорна бајка“

Охриѓани опиени од првата „Фолкорна бајка“. Носени од звуците на најпознатите македонски народни рефрени присутните уживаа во маестралните изведби на младите но неверојатно талентирани интерпретатори. Салата во Центарот за култура беше исполнета до последно место што само по себе говори каква ќе биде иднината на овој детски фестивал по само првото негово издание. Некои од децата кои настапуваа дури за прв пат се сретнале со овие рефрени, некои ги знаеле, некои тогаш се запознале, што говори и за самата идеја на фестивалот, македонската народна песна и тоа огромно богатство вечно да се памет…

Мај 9, 2016

Кривична за кичевчанец кој направил мини-депонија за хаварисани возила

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на на животната средина и природата со отпад“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(29) од Кичево. Пријавениот, подолго време вршел трговија со отпад без да поседува дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. На 12-ти април оваа година, полициски службеници во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во отпад за стари возила сопственост на С.М. лоциран во близина на раскрсницата од улицата „Маршал Тито“ со регионалниот пат …

Мај 9, 2016

„Мобилно 3D кино“, утре за охриѓани го носи „Капетан Америка: Граѓанска војна“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ Ве покануваат на кино проекции во ВТОРНИК 10.05.2016 година. -Храбриот Петел во 3D – 17:00 ч./ влез 200 ден.-Пред да се разбудам – 19:00 ч./ влез 150 ден.-Капетан Америка: Граѓанска војна- 21:15 ч./ влез 200 ден.

Мај 9, 2016

Одбележано раѓањето на основоположникот на црвениот крст

Со полагање на свежо цвеке пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движенјето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на 8-ми мај пред 188 години. Затоа и 8 мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Насекаде во светот Мегјународното движенје на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутна за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и подржуваци цо 190 земји во светот, Црвениот крс…

Мај 7, 2016

Св Наум, место откинато од рајот

  Кога се зборува за месноста Св Наум, секој посетител би се согласил дека целиот комплекс е како дел откинат од рајот. Од прекрасната природа која го прегрнала манастирот Св Наум и неговите конаци, неколкуте црквички околу него, светата вода, па се до изворите на реката Црн Дрим и уредениот туристичко ресторански дел околу целото острово. Првиот човек кој стапува во контакт со секој добронамерник во комплексот Св наум е Владо Мојаноски. Скромен по природа Мојаноски открива дека од година во година расте посетеноста во Св Наум, а посебно последниве години откако локалитетот е реновиран. То…

Мај 7, 2016

Спасен велосипедист во Елшани – симулација

  На стрмните планински патеки на НП „Галичица“ во близина на туристичката населба Елшани падна велосипедист. Во бесознание, на тешко пристапниот терен случајно го пронајдоа активистите од Црвениот Крст на Охрид, од екипата за спасување на непристапни терени. Станува збор за малдиот Јаков Јованоски кој од незгодниот пад се здоби со телесни повреди а најверојатно има и внатрешно крварење во главата. За среќа оваа интервенција беше уште една успешна симулација за спасување на човечки живот со што единицата за спасување покажа дека се подготвени да се справат со ризиците кои би можеле да се с…

Јан 7, 2022

Се подобрува квалитетот на гастрономскиот кадар во ФТУ Охрид

Се подобруваат знаењето и вештините на гастрономскиот кадар кој произлегува од охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Менаџерите на рестораните може да видат добри гастрономи кои за своите готварски креации добиваат врвни награди на меѓународни натпревари. Во изминатиот перод, угостителите постојано се жалеа на квалитетот на завршениот гастрономски кадар, но од пред две години се направени квалитативни студиски програми и на овој отсек од факултетот. Доказ за тоа се добиените награди од меѓународни натпревари. Признанијата добиени од меѓународни шефови им ги отвораат вратите од врв…

Мај 7, 2016

УНАСМ заедно со невладините од градов ќе работи на унапредување на работничките права

Унијата на независни автономни синдикати заедно со невладините организации од градов ќе работи на унапредување на работничките права. Денес беше потпишан меморандум за соработка со две невладини организации кои се претставници на етничките заедници на еѓипјаните и ромите од Охрид, а тоа се „Коалицијата на еѓипјани“ и „Подобар живот“. „На овој начин само работиме во насока на унапредување и заштита на уставно загарантираните на граѓаните на Република Македонија, со посебен акцент на еѓипјаните, како ранлив етникум во Република Македонија и во таа насока ние ќе ги продолжиме нашите активност…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top