За седум дена во неделата – седум предлог книги кои веќе може да се зајмат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Од издавачката продукција на Литература.мк ви ги предлагаме следните наслови: „Автобиографија на Агата Кристи“, „Три желби“ од Лијан Моријати и „Париската библиотека“ од Скеслин Чарлс Џенет. Во овој неделен преглед на нови наслови се и изданијата на Сакам книги, и Матица македонска: „Не напуштај ме “ од Шеви Стивенс и „Луѓе и времиња“ книга прва од познатиот македонски политичар Стојан Андов. Не помалку интересни и возбудливи за читање, барем како такви и се најавуваат се…
Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денес ќе се одржи Отворен ден, во периодот од 11:00 до 14:00 часот.
Училиштето ќе ги отвори своите врати за сите гости, родители и заинтересирани ученици од завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписите за прва година. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето. Исто така ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за профилите кои се изучуваат во нашето училиште, за наставните планови …
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство прават вонредни контроли на операторите со храна во охридско- струшкиот регион. Контролите во туристичките центри имаат за цел да спречат евентуални труења и инфекции од храна кои може да се случат како последица на високите летни температури, информира Николче Бабоски, директорот на АХВ.
Во втората недела на месец јули инспекторите исконтролирале 89 објекти меѓу кои се хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекари, сендвичари и други оператори со храна.
За утвредените неусогласености, најдена храна со поминат рок, лош…
Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам. Започна меѓународната конференцијата за активен туризам, што се одржува Охрид на која учествуваат 300 делегати. Меѓу нив има врвни експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, како и блогери и други професионалци. На конференцијата присуствуваат и 65 светски тироператори од А листа, кои ќе ги продаваат македонските туристички производи заедно со 17 домашни агенции.
Првичните впечатоци од гостите се многу позитивни. Тие денеска се на промотивни тури низ земјата. Ќе ги видат …
Христијан Димовски студент на втора година на охридскиот Факултет за туризам и угостителство е крводарител. Димовски раскажува дека крводарител станал во средно училиште по неговото полнолетство. Денес, по 16 пат, тој се вклучува во уште една крводарителна акција. Младиот хуман oхриѓанец, кој воедно е и спортист, не го крие задолството и нагласува дека е среќен од чувството дека со неговата крв може да спаси нечиј живот и да помогне.
„ Тие се поврзани , спортот и хуманоста, сега се вративме од туризмијада освоивме 3 место во кошарка. Им препорачувам на сите да даруваат крв. Тоа е нешто…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид.
При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени и одземени се две мали кеси со 26 хартиени паковки опојна дрога марихуана.
Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препаковал во помали количини, наменети за понатамошн…
Купувачите реагираат на квалитетот на одредени увозни артикли брендови кои се продаваат кај нас и во земјите од европската унија. Оние кои пробале некој производ дома и во странство забележуваат дека квалитетот на истиот бренд не е ист, потвдрува претседателаката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велков. Од ОПМ појаснуваат дека засега кај нас нема споредбени лабораториски истражувања на производите, а за овој проблем посебно за прехранбените артикли се дискутирало и на европскиот парламент. Засега кај нас не се истражува дали квалитетот на еден производ е…
Луѓето кои живеаат во Воска еден, на Булевар Туристичка наспроти бензиската Окта бараат спас од кучињата скитници кои ја загрозуваат нивната безбедност. Главоболка им задаваат веќе подолго време чопор од 10 – тина кучиња скитници кои ги напаѓаат луѓето кои живеат во околните згради на Туристичка. „Едно девојче во последен момент се спаси со затварање на влезната врата од 10- тина кучиња. Човек пред продавницата на тротоарот буквално бил соборен на земја долу, а го спасиле луѓе кои се затекнале во продованицата. Како можело тоа да се заврши е прашање. Во моментот ги нема, но лежат меѓу …